Веројатно никогаш не сте пробале да изедете банана со кора. Навикнати сме да ја фрламе, но не би требало бидејќи е многу здрава и хранлива.Сигурно не сте виделе некој да јаде кора од банана, бидејќи навикнати сме да ја јадеме слатката внатрешност, а кората ја фрламе. Меѓутоа, во Индија на пример, со години наназад, кората од банана се јаде.
Додека внатрешноста од бананата е мека и блага, кората е тврда и по малку горчлива, па разбирливо е зошто не ја јадеме. Меѓутоа, со неа фрламе и важни хранливи состојки.
Кората од банана е богата со витамини Б6 и Б12, како и магнезиум и калиум. Внатрешноста на бананата исто така ги содржи овие елементи, но во значително помала мера.
Еве колку нутриенти содржи една банана во однос на дневните потреби на нашиот организам…
– 12 отсто дневна потреба за влакна, кои го потпомагаат варењето и го намалуваат ризикот од дијабетес
– 17 отсто дневна потреба за витамин Ц, кој е важен фактор за одржување на имунитетот.
– 20 отсто дневна потреба за витамин Б6, кој му помага на организмот храната да ја претвори во енергија
– 12 отсто дневна потреба за калиум, кој е поврзан со развој на нови келии во целиот организам.
– 8 отсто дневна потреба за магнезиум, кој е врзан за регулирање на гликозата и крвниот притисок.
Кората од банана е потенка и помека доколку бананата е позрела, а тогаш станува и блага, па полесно е да ја соџвакате и да ја сварите. Ако ни тоа не е доволно, таа може да се свари или испече, а ако ни тогаш не сте задоволни и не можете да ја изедете, можете да ја користите и во други цели.
Кората од банана можете да ја оставите во канта со вода неколку дена, а таа вода подоцна да ја искористите за полевање на цвеќиња. Во неа ќе има многу повеќе хранливи состојки кои ќе и помогнат на вашата билка да биде посилна.
Кората можете да ја користите и за печење месо. Кога печете месо во рерна, кората од банана можете да ја наредите одоздола за да се осигурате дека месото нема да се пресуши. Сигурно не сте виделе некој да јаде кора од банана, бидејќи навикнати сме да ја јадеме слатката внатрешност, а кората ја фрламе. Меѓутоа, во Индија



