По повод 25 годишниот јубилеј, една од најголемите нафтени компании во светот „Лукоил“, која на македонскиот пазар е присутна повеќе од 10 години, организираше наградна игра за своите ценети потрошувачи. Под наслов „Среќна 25“, во период од 8 недели, на „Лукоил“ корисниците им беа доделени 25 ваучери за гориво, а конечно се додели и главната награда во висина од 250.000 денари.Среќниот добитник е 20 годишниот Раде Цветкоски од Скопје кој возбудено ги сподели деталите околу неговото учество во наградната игра: „Првапат ми се случува да добијам една ваква награда, никогаш претходно не сум се оптеретувал да бидам дел од некој слична игра на среќа но неверојатно за мене е што со само 3 фисклани сметки токму јас бев добитникот. Сакам да искажам огромна благодарност до Лукоил, да им го честитам роденденот и да им посакам уште многу вакви јубилеи. Парите се секогаш добредојдени посебно кога се подарок, а мојата желба е да си го овозможам долгопланираното патување во Германија кај мои блиски роднини“, изјави Раде.
„Ова за нас беше значајна година бидејќи прославуваме јубилеј од 25 години стабилност и успешно работење во светот. Но што би била среќата и успехот доколку не ги споделите со оние од кои и најмногу зависи вашот напредок, а тоа се верните клиенти и потрошувачи. Наградната игра започна на 3 октомври и денес беше извлечен и главниот добитник на кого би сакал да му посакам многу среќа и понатаму исто како што ја имаше и денес“, изјави Андреј Куку, генералниот директор на „Лукоил“ Македонија.
„Лукоил“ е една од најголемите нафтени компании во светот. Во нејзините активи влегуваат огромни резерви на нафтени полиња, моќни претпријатија на територија на Русија и надвор од нејзините граници. Таа функционира и работи благодарејќи на високопрофесионални работници кои бројат повеќе од 105 илјади луѓе, додека во Македонија компанијата е сочинета од 400 вработени професиналци во својата бранша кои страсно и посветено ги применуваат капацитетите на сите свои расположливи сили.
Денес „ЛУКОИЛ“ обезбедува повеќе од 2% од светското производство на нафта и околу 1% од докажаните светски резерви на јаглеводороди. Во 2015 година „ЛУКОИЛ“ го надмина нивото на производство од 2 милијарди тони на гориво (нафта и гас).
Во моментов под брендот на „ЛУКОИЛ“ работаат повеќе од 5 и пол илјади бензински станици во 22 земји ширум светот. Покрај Европа, компанијата присутна во Азија, Африка и Америка.Среќниот добитник е 20 годишниот Раде Цветкоски од Скопје кој возбудено ги сподели деталите околу неговото учество во наградната игра: &b