„ЛУКОИЛ„ не планира понатамошна малопродажба на активите надвор од границите на Руската Федерација.
Компанијата заврши со реорганизација на мрежата на бензински станици во европските земји којa ja спроведе во 2015-2016г. со цел да се сконцентрира на активите кои се максимално интегрирани во производниот ланец на европските рафинерии на Компанијата.
На состанокот кој беше одржан во централата во Белград во „ЛУКОИЛ Србија„, на кој беа сумирани резултатите од работењето во сегментот на прометот на нафтени деривати на Групацијата „ЛУКОИЛ„, првиот подпретседател на „ЛУКОИЛ„ Владимир Некрасов ја потврди завршната програма на оптимизација на странските малопродажни активи на Групацијата.
Ја завршивме продажбата на малопродажната мрежа на бензински станици во Полска, Литванија, Летонија, Естонија, Украина и на Кипар. Планот за 2017г. предвидува натамошни суштински измени на структурата на претпријатието во овој бизнис.
Некрасов, исто така истакна дека малопродажниот сегмент на „ЛУКОИЛ„ надвор од Руската Федерација во текот на 2016г. забележа позитивни резултати- достигнат е пораст на основните показатели во однос на 2015г. Обемот на продажба преку малопродажната мрежа и големопродажбата во однос на 2015г. е пораснат за 3%, односно 7%. Зголемувањето на продажбата на брендираните моторни горива „ЕКТО„ надвор од границите на Русија изнесуваше 10% во 2015г. Оперативната добивка на компаниите надвор од Руската Федерација, кои вршат промет на нафтени деривати, во 2015г. порасна за 5%.
Во рамки на задачите за 2017 година „ЛУКОИЛ„ зацрта исполнување на планските показатели на инвестиционата програма, зачувување на уделот на пазарите, активен развој на бизнисот со стоките од дополнителниот асортиман и понатамошна промоција на брендираното гориво „ЕКТО„.
Странската малопродажна мрежа на Групацијата „ЛУКОИЛ„ опфаќа 17 земји, вклучувајќи ги и земјите од ЗНД (Заедница на независни држави- бившите земји на СССР), Европа и САД. Во нејзин состав влегуваат 54 нафтени складишта на вкупен капацитет 1,46 милиони кубни метри и 2706 бензински станици ( вклучувајќи бензински станици под закуп и франшиза).Компанијата заврши со реорганизација на мрежата на бензински станици во европските земји којa ja спроведе во 2015-2016г. со цел да