ЛУКСУЗНО: Шеик со своите 11 жени се одмора во Сплит за 2.099 евра на ден!

Шеикот заедно со своите 11 жени се одмора во Вила Фериќ под Марјан – ова моментално е најпопуларната тема за разговор на жителите на овој град. Станува збор за здание со пет спални соби, кое изобилува со базен со џакузи и низа други погодности кои не им се достапни на просечните туристи.Вилата е изнајмена од страна на шеикот од Џеда, кој е втор град по големина во Саудиска Арабија.
„Тешко е да се знае бројот на жените, бидејќи базенот и дворот се заградени со висок ѕид, а имам премногу години за да го прескокнувам ѕидот и да погледнам. Не сакам да ме фатат чуварите. Наводно го чуваат некои опасни чувари, но јас ги немам видено“, раскажала една симпатична жена која признала дека интересот за шеикот полека го губела со опаѓањето на бројот на жени за кои се шпекулира да ги донел со себе.

Имено, жените од харемот никогаш не излегуваат пеш од имотот, туку во три комбиња со темни стакла кои специјално се изнајмени за потребите на богатиот гостин и неговото семејство. Освен посебните возила, шеикот изнајмил и хеликоптер за да биде целосно мобилизиран.
На располагање му стои и личен готвач за подготвување на оброци по желба.Вилата е изнајмена од страна на шеикот од Џеда, кој е втор град по големина во Саудиска Арабија.
„Тешко е да се знае бројот на жените

Пронајдете не на следниве мрежи: