Најгласниот поддржувач на СЈО, Јован Трпеновски во минатото ги прогонувал лицата кои што се бореле за независна Македонија. Тој како јавен обвинител го водел случајот против еден од најголемите поборници за независна Македонија, Драган Богдановски.– Јас бев обвинет и осуден на 13 години затвор во следните параграфи од сојузниот кривичен закон, член 136 здружување против државата, член 114 контрареволуционерно дејствување за насилно променување на уставниот поредок на СФРЈ и член 119 загрозување на територијалниот интегритет на Југославија(отцепување на Македонија од Југославија), пишува Драган Богдановски најголемиот дисидент и основач на ВМРО-ДПМНЕ.
Во тоа време како окружен јавен обвинител кој го застапувал обвинението против него бил Јован Трпеновски, кој од страна на комисијата за верификација на факти во 2014 година беше лустриран како соработник на тајните служби.
Како доказен материјал против Драган Богдановски послужиле неговите статии, брошури и книги издадени во емиграција, како и неговото дејствување во организациите на македонската емиграција.
Ликот и делото на Драган Богдановски за Македонија и македонскиот народ е од исклучително значење зошто неговата борба беше насочена кон организирање на македонската емиграција и борба за создавање на македонска држава како и брана за спречување на дејствувањето на разни странски пропаганди.
Поради ваквите ставови Драган е киднапиран во Париз од страна на тајните служби и со дипломатско возило е пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје, а потоа во судски процес зад затворени врати осуден на 13 години затвор каде јавен обвинител е Јован Трпеновски.
Имено Јован Трпеновски е лустриран од комисијата за верификација на факти. Во решението на комисијата стои дека Трпеновски во значителна мера наредил и одобрил дејствувања со кои се кршени или ограничувани основните слободи и права на граѓаните. Следење на граѓани, прислушкување на телефонски разговори и забрана на списанија каде се потенцира македонската посебност се дел од мерките кои ги наредил Трпеновски.
Но кариерата на Трпеновски не завршува како окружен обвинител на Скопје. После судењето на Драган Богдановски во 1984 година е именуван за јавен обвинител на Република Македонија, а од 1989 година за републички секретар за внатрешни работи – министер за внатрешни работи.
Од тука се поставува прашањето дали напредокот во кариерата на Трпеновски се заснова на неговата соработка со тајните служби и прогон на истакнати македонски дејци кои се залагале за независна и слободна Македонија.
Трпеновски во моментов важи за најголем поддржувач на СЈО кое работи по политички диктат на СДСМ. Она што е интересното во овој случај е дека СЈО е формирано со цел да се истражи нелегалното прислушување кое масовно е направено во Македонија нешто што на Трпеновски не му е непознато. Значајно е да се потенцира дека и после толку време Трпеновски не застанува со прогонот на македонските патриоти и на луѓето кои и мислат добро на Македонија.– Јас бев обвинет и осуден на 13 години затвор во следните параграфи од сојузниот кривичен закон, член 136 здружување против државата, член 1



