Mарш за хумано решавање на проблемот со бездомните животни

За денес со почеток од 12 часот во Скопје е закажан протестен марш за животните. Преку маршот граѓаните ќе испратат порака за хуманост и против насилство врз животните, како и за трајно и хумано решавање на проблемот со бездомните животни. Организаторите тврдат дека примената на еутаназија како мерка за надминување на проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња во земјава, се покажал како пракса која не вродува со решение и само го продлабочува проблемот.
-Не бараме милост за животните, туку нудиме решение преку примена на одговорни, хумани програми и практики кои ќе го третираат причинителот на проблемот, а тоа е неодговорното чување на милениците, казни за нивно напуштање и неконтролиран расплод, се наведува во најавата за маршот.
Своја поддршка на настанот дадоа многу македонски јавни личности меѓу кои се: Тони Зен, Пеце Суперикс, Јана Бурче, Бернајс Пропаганда, уметницата Жани Гелевска, креаторот на апликацијата „Мој Воздух“, Горјан Јовановски, актерите Јордан Симонов, Весна Бејби Петрушевска, Ајета Реџеповиќ, Ирена Ристиќ, новинарката Ана Јовковска и водителот Марко Новески кои најавија дека ќе се појават на маршот закажан точно на пладне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.