Mилионски криминал при продажбата на фирмата на Анѓушев, објавуваат грчките медиуми

Билансот што Владата досега одбиваше да го даде во грчкото Собрание го пренесува грчкиот медиум “Скаи“. Состојбата при купување на претпријатие за трговија со електрична енергија од Скопје на Кочо Анѓушев од страна на ППЦ е катастрофална.
-Компанијата на заменик-премиерот и близок пријател на Заев, Кочо Анѓушев има негативен капитал, нејзините средства не надминуваат 600.000 денари, работи со од 40% од загубите во индустријата и само 11% од прометот. Во исто време, кредитниот рејтинг е негативен, а иако има огромни загуби за 2017 година, ППЦ го купува претпријатието два месеца пред Преспанскиот договор во износ од 4,8 милиони евра, пишува грчки “Скаи“.
Секретарот за енергетика, Џорџ Статакис, изјавил дека преземањето е одобрено од страна на Генералното собрание на акционери, администрацијата на ППЦ има и барање за транспарентност на кое сеуште не е одговорено, бидејќи парите легнале на лични сметки на Анѓушев, а не на групацијата од која била дел ЕДС.
Опозициските НД и КИНАЛ го бараат на увид договорот во Собранието, бидејќи постојат многу нејаснотии, а времето кога е купена компанијата два месеци пред договорот во Преспа покренува многу прашања, велат опозициките пратеници.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.