Триесет и тригодишниот Душан П. е уапсен под сомнение дека до смрт ја избодел својата девојка, 19-годишната Виолета Ј. од Баталаге, Србија. Според неофицијални информации, тој не се прикрал во нивната куќа, туку родителите на Виолета го пуштиле не наслутувајќи дека ќе се случи трагедија.
Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, Душан утрово отишол до куќата на Виолета и го примиле нејзините родители, па заедно чекале несреќната девојка да се врати од ноќна смена.
Откако Виолета се вратила татко и, наводно на кратко излегол во дворот, а ниту мајка и не била во истата просторија, па Душан го искористил моментот и крвнички ја избодел. Како што, неофицијално се дознава на убиството најверојатно му претходело раскинување на врската помеѓу Душан и Виолета, кое тој судејќи по се не можел да го прифати.
Осомничениот Душан по злосторството дури седнал во истиот автомобил заедно со жртвата и нејзиниот татко и се одвезле до здравствена установа. Душан оттаму побегал, но набрзо полицијата го уапсила. Девојката им подлегнала на повредите, а Душан во наредните 48 часа ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Шабац.