Единаесетгодишен Американец, кој е жртва на насилство од врсници поради неговото презиме Трамп, ќе присуствува на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата.
Џошуа Трамп од Вилмингтон, Делавер, не е во роднинска врска со претседателот Доналд Трамп.
Неговите родители велат дека другите ученици од класот поради неговото презиме го нарекуваат „идиот” и му кажуваат дека е „глупав”.
Но, Џошуа е еден од 17 лица кои се посебно повикани од претседателот и првата дама на говорот.
Неговите родители тврдат дека малтретирањето на Џошуа почнало во 2015 година кога Доналд Трамп одлучи да се кандидира за претседател на САД.
Кога откриле што се случува, родителите го отпишале од школо и една година се школувал дома. Потоа тргнал во ново училиште, но и таму продолжило врсничкото насилство.