Она што Белгиецот Питер Ванхојте сака да го продаде во Македонија како оригиналност и досетливост, преку објавувањето на мачки всушност е веќе видено и ископирано од практиката која се појави уште пред неколку месеци на социјалните мрежи прво во Белгија. Сепак она што е впечатливо е тоа што Ванхојте единствената работа по која што ќе се памети, а тоа не е успехот во преговорите туку мачките кој тој ги објавуваше, се всушност тежок плагијат.CNN, BBC, ABC, Daily Mail, се дел од медиумите кои уште пред неколку месеци пишуваа за практиката на објавување на забавни слики од мачки по социјалните мрежи претежно Твитер, која се појави во Белгија.
Објавувањето на фотографии со мачки со некакви пораки започна по терористичките напади во Париз минатата година и по полициските акции кои се спроведуваа низ Белгија со цел сузбивање на терористички групи и пронаоѓање на „мозоците“ од Париз за кои постоеја сомневања дека се кријат во Белгија.
За да може рацијата да биде успешно извршена, полицијата побара од интернет корисниците во Белгија да не пишуваат ништо на Твитер, ништо поврзано со операцијата, бидејќи таквите информации би можеле да ја саботираат акцијата и да ги распрскаат групите.
Она што ја прели чашата и на што бурно се реагираше се неумесните и навредливи твитови кои ги објави Ванхојте кој освен по твитовите со мачки ништо друго не работи во Македонија.
Тој на Твитер прикажа вперен пиштол во мачка која се предава и „вели“ дека изборите нема да се одржат на 24 април. На овој начин Ванхојте ја персонализира Република Македонија со мачка во која е вперен пиштол.
Ванхојте не даде одговор ниту зошто доаѓа како олеснувач во земја која очигледно не ја почитува и ги навредува нејзините граѓани. За потсетување тој отворено коментираше дека македонскиот менталитет не бил на нивото на европскиот, искажувајќи на овој начин навреда кон сите Македонци и ставајќи ги во подредена позиција.
Медиумите пишуваа и дека исто така тврдел дека токму поради тоа што Македонците не биле како Европјаните, не може да се препише решение од некоја европска држава. На ова се надоврзува и крајно некоректно и потценувачко однесување на Белгиецот Ванхојте кој многу често знаел со потценувачка за Македонците и надредена позиција да наложува решенија, но и во исто време да дели навреди и закани.
Па така тој често и повишувал тоналитет и се обидувал со приземни навреди од типот “не тресете глупости” како и зборовите “stop bulshitting” што на македонски преведено би значело “не сер**е” да изврши притисок.
Дополнително, Ванхојте со неговите објави на Твитер се потсема и навредува личности притоа правејќи на дрзок и безобразен начин паралели со неговиот редовен избор, мачките.
Објавувајќи дека продолжуваат преговорите, белгискиот посредник на Твитер објави фотографија од маче и порака која гласи:
-Уште еден нов ден на преговори за медиумите: Ќе одбереме слобода за медиумите или понижувачка контрола врз медиумите“, се вели во Твитер-пораката на Ванхауте дополнувајќи ја со фотографија на која се вели: „Мислам дека ја сакам слободата на медиумите се додека ги контролирам“.
Ноќта за време на распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во Кривичниот суд, по најавената акција „Титаник“, Ванхауте објави порака која гласи:
„Ноќ во Судот, напиша Ванхојте споделувајќи фотографија со мачка на која е испишано. “Не, чесен судијо, не сум виновен’“
Пораката на 12-ти февруари е повторно поврзана со политичката ситуација во земјава:
„Избори? За да го смениш идентитетот 3 пати во една година? НЕ!“
Поради ваквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката соВанхојте.CNN, BBC, ABC, Daily Mail, се дел од медиумите кои уште пред неколку месеци пишуваа за практиката на објавување на забавни сли