“Made in Europa” – ЕУ започна кампања за заштита на европскиот пазар од Вашингтон и Пекинг

Европскиот комесар за индустријата, Стефан Сежурне, ја лансира јавната кампања за промоција на етикетата “Made in Europa”. Целта на оваа кампања е како што вели комесарот Сежурне е да се задржат што е можно повеќе пари на сопствениот пазар, наместо тие да одат во паричниците на САД или Кина. Оваа кампања би требало да биде одговор на иницијативата на Вашингтон “Buy American”

„Меѓународната конкуренција никогаш не била толку нефер“, вели комесарот Сежурне. „Додека правилата за трговија се редефинираат, ние веќе немаме избор… Мораме еднаш засекогаш да воспоставиме вистинска европска преференца во нашите најстратешки сектори. Таа се заснова на многу едноставен принцип: секогаш кога се користат европските јавни пари, тие мора да придонесат за европското производство и квалитетни работни места“ се вели во текстот потпишан од комесарот за индустрија објавен денска во повеќе влијателни медиуми во Европа.

Повеќе од 1.000 потписници од компании и индустриски групи од целиот континент, како и големи трговски здруженија на ЕУ, ја поддржаа иницијативата – „Произведено во Европа“.

Борјан Јовановски

Пронајдете не на следниве мрежи: