Кралицата на поп музиката, Мадона, го изгуби старателството над синот Роко по долг судски процес. Тинејџерот ќе живее со својот татко – режисерот Гај Ричи, пишува британски „Телеграф“.Одлуката на судот беше објавена во средата во Њујорк и по горчливиот спор на двојката Гај Ричи доби старателство над 16-годишниот младич.
Мадона покажа разочарување од случајот со објава на социјалните мрежи Твитер и Инстаграм.
Таа објавила своја фотографија на која е со црна качулка, на главата нејзина има насликана круна, а во преден план е напишан зборот „кучка“. Коментарот на самата Мадона е: „Зашто понекогаш мајката треба да биде кучка“:
Because sometimes soccer Mom's need to be a …….,.,,…….. pic.twitter.com/XpWzj4rSKw
— Madonna (@Madonna) September 7, 2016
Овој запис е проследен со друг со истата слика, но напишаниот збор е „кралица“, а пораката: „И да биде третирана како кралица“:
And be treated like a……………pic.twitter.com/cfsZxJcjaH
— Madonna (@Madonna) September 7, 2016
Портпаролот на судот ја потврди одлуката во Њујорк и изјави дека разведениот пар постигна договор. Адвокатот на Ричи пак ,подоцна изјави дека Роко ќе продолжи да живее со својот татко во Лондон.
Семејните кавги почнаа уште во декември 2015 година, а тогаш Роко, кој денес има 16 години, замина да живее во Лондон кај татко му Гај Ричи и неговата нова сопруга, бидејќи мајка му ја започна својата светска турнеја.
Кога турнејата на Мадона заврши, нејзиниот син одби да се врати кај неа. Препирањата меѓу мајката и синот станаа очигледни и на социјалните мрежи.Одлуката на судот беше објавена во средата во Њујорк и по горчливиот спор на двојката Гај Ричи доби старателство над 16-годишниот младич.
М