Магичен момент: Почнала да се породува во дневната соба, а не ни насетила дека ја снима камера

Фотографот Мартин Бојс (35) бил приморан да ја породи својата вереница Холи на која одеднаш ѝ пукнал воденикот, а покрај тоа успеал и да го сними нејзиното породување.Тој претходно ја спакувал својата апаратура за да ја понесе во болница и да го слика моментот кога вереницата ќе го раѓа првото дете. Ни самиот не знае како, но успеал да го сними целиот чин што многу го израдувало.
Холи во ранте утрински часови го разбудила својот вереник со реченицата дека мисли дека бебето излегува.
„Холи ме разбуди околу 3:30 часот и панично ми кажа дека мисли дека детето пристигнува.
Мислевме дека има уште време до породувањето. Веднаш почнав да ги пакувам работите, да го подготвувам автомобилот, да подготвувам се што е потребно за во болница, им јавив на моите родители. Но кога се симнав по скалите Холи почна да се витка од болка, паничеше. Се дојде некако многу брзо отколку што планиравме. Холи падна на подот во дневната оба и бебето почна да излегува“, раскажува возбудениот татко.
Мајката на Мартин, Поли дошла со брзина на светлината, повикала бабица која преку телефон му давала упатства на Мартин што да прави и како да ѝ помогне на својата вереница.

 
„Собрав сила и по само неколку минути, бебето ми беше во рацете. Првите 10 секунди не испушташе никакви звуци, но кога ја ставивме на градите на Холи, веднаш почна да плаче. Во тој момент ни падна камен од срце. Пресреќни сме“, додал фотографот.
Кога завршило се, гордиот татко сфатил дека камерата била вклучена и дека целиот процес на случувањето бил снимен. Набрзо по самото породување, бабиците стигнале да ги проверат бебето и мајката и да се уверат дека се е во ред.
Тој претходно ја спакувал својата апаратура за да ја понесе во болница и да го слика моментот кога вереницата ќе го раѓа првото дете. Ни самиот не

Пронајдете не на следниве мрежи: