МАГНЕТ: Стефан е„чудо од дете“ кое лечи разни болести

Стефан Илиќ од село Војново, кај Параќин, има божји дар, тврдат неговите родители. Неговите раце може да излечат болки, а неговото тело како магнет привлекува разни предмети- мобилни телефони, лажици, виљушки, порцелански чинии.Несекојдневната способност на 10- годишниот Стефан, родителите ја откриле во ноември 2014 година, но мислат дека ја има од гаѓање.
Во неговото семејство таков дар има и неговата баба, од страна на мајката.
-Докторите за Стефан немаат никакво објаснување, само велат дека нема никаква болест и оти тоа не му штети. Во контакт сме и со многу биоенергетичари, кои велат дека мојот син има многу јака енергија, вели мајката Санела Илиќ и додава дека Стефан им помогнал на многумина кои имале разни болки.
– На многумина им излечил разни болести. Навистина е неверојатен. На пример кога некој ќе го боли рака, тој на неа ќе ги стави своите дланки и болката престанува за 3 минути. Доаѓаат кај нас некогаш и некои од соседите барајќи ја неговата помош, но мојот сопруг е против тоа детето да го оптеретуваме со такви работи бидејќи е се уште мал, спомнува Санела, мајката на детето.

 

Покрај тоа што ја поседува оваа неверојатна моќ, Стефан е многу посветен и на училиштето. Тој е најдобар ученик во одделението за што придонесува неговата надпросечна интелигенција.
 Несекојдневната способност на 10- годишниот Стефан, родителите ја откриле во ноември 2014 година, но мислат дека ја има од гаѓање.
Во негов

Пронајдете не на следниве мрежи: