Магнетна стимулација на мозокот за лекување на анорексија

Стимулацијата на делови од мозокот со магнетни полиња ги намалува симптомите на анорексија, покажува новото истражување на Кингс колеџот во Лондон.Анорексијата се поврзува со страв од дебелеење, исклучително ограничување во исхраната и опасно ниска телесна тежина. Околу 4% од жените страдаат од анорексија во некој момент од својот живот.
Анорексијата има едно од највисоките нивоа на смртност меѓу психичките болести, со околу една на секои пет лица кои умираат како резултат на болеста.
Научниците велат дека колку подолго човек страда од анорексија, толку потешко се лекува. Во најдобар случај меѓу 20 и 30% од луѓето се враќаат по разговорите со психолог. Нема значајни докази дека фармацевтските лекови како што се антидепресивите, се ефикасни.
„Затоа очајно ни требаат нови методи на лекување“ – изјавија научниците.
Новите истражувања за лекувањето на болеста се насочуваат кон нервните патишта. Во моментов се истражува потенцијалот на инвазивна техника за мозочна стимулација која ги подобрува симптомите на анорексија.
Методот со магнетна стимулација беше одобрен од Националниот институт за здравје и хигиена во Лондон. Тој е безбеден, релативно безболен и ретко се поврзува со тешки несакани ефекти. Методот претставува примена на магнетни импулси во мозокот, кои се во состојба да ја сменат активноста на нервите.
Третманот вклучува околу 20 сесии секој ден. Позитивните резултати од терапијата ја поддржуваат тезата на научниците дека анорексијата може да се лекува од мозокот. 
„Продолжуваме да ги оценуваме терапевтските придобивки од магнетната терапија“ – изјавија научниците кои ги продолжуваат истражувањата во областа на нервните механизми во мозокот.Анорексијата се поврзува со страв од дебелеење, исклучително ограничување во исхраната и опасно ниска телесна тежина. Околу 4% од жените страд

Пронајдете не на следниве мрежи: