Јас сум апсолутно свесен за својот талент. Јас сум доволно добар да победам, но и доволно лош за секогаш да постои некој подобар, рече самоуверено Маид. Маид Хеќимовиќ е учесник во „Х фактор Адриа“ за кого овие денови најмногу се зборува. Во дуелот со Илма Карахмет изведе песна од Лео Мартин „Одисеја“, кога во целосен сјај го покажа својот талент за пеење.
Малкумина знаат дека Маид е апсолвент по новинарство, а тој самиот истакнува дека, уште во детството, за него сцената претставувала место каде сака да го поминува поголемиот дел од својот живот. Колку добро му оди на сцената покажа во текот на првиот регионален „X фактор“.
На самиот почеток жирито беше воодушевено од неговата изведба на „Ноч ми те дугује“ од Здравко Чолиќ, публиката беше засенета од играта на песната „Флојд“ од Дадо Топиќ, а довербата од менторот Жељко Јоксимовиќ секако ја оправда од страна на изведување на песната „Није љубав ствар“ во последниот „во живо“ настап.
Маид во едно интервју откри дека тој отсекогаш знаел дека ќе се бави со музика.
„Отсекогаш длабоко во себе знаев дека треба да се бавам со оваа работа, тоа е она што ме исполнува и она што го сакам. Најубаво во животот е кога го работиш она што го сакаш и ако од тоа можеш да живееш“, вели младиот пејач и додава дека целосно е свесен за неговиот талент, но исто така, откри што очекувал од X фактор кога се пријавил.
„Кога се пријавив на X фактор не сакав да се обидам, туку очекував нешто да направам. Мислам дека добро пеам и дека можам да стигнам далеку. Свесен сум дека ако отидам на натпреварување по математика, не би можел многу да очекувам, но кога станува збор за пеење, јас сум сигурен дека сум добар во тоа. Апсолутно сум свесен за својот талент. Јас сум доволно добар за да победам, но доволно лош за секогаш да постои некој подобар. Ако јас би победил мислам дека никој не би можел да каже „од каде пак овој“ , туку мислам дека со својот талент заслужувам такво нешто. Свесен сум дека можам да ја понесам титулата победник, а и да не биде така, ќе бидам задоволен со она што го покажав во текот на натпреварувањето.“
Што се однесува со Илма Карахмет, која испадна во дуелот со него, Маид вели дека таа е огромен талент.
„Многу ми е жал што Илма испадна и што тоа се случи токму во дуелот со мене. Сигурен сум во тоа дека Илма го заслужи финалето, но не мислам дека јас не го заслужив. Таа е огромен талент. Кога и да запее секогаш останувам вчудоневиден од неа“. Маид Хеќимовиќ е учесник во „Х фактор Адриа“ за кого овие денови најмногу се зборува. Во дуелот со Илма Карахмет изведе песна од Лео Ма