Мај, месец на аикидото во Скопје

Од понеделник 11.05.2015, па до крајот на месецов во скопскиот аикидо клуб Хенбо се организираат тренинзи со гости-инструктори од јапонската боречка вештина аикидо.Инструкторите од сите останати аикидо клубови од Македонија каде се практикува традиционалното аикидо ќе гостуваат со одржување по еден тренинг за членовите на клубот Хенбо.
Тренинзите ќе се одржуваат секој понеделник, среда и петок со почеток од 20.30 часот во просториите на аикидо клубот Хенбо (спортската сала во ОУ Ј.Х. Песталоци во Центар).
На поканата се одѕваа сите клубови: Пат кон мирот (Скопје), Кобукан (Скопје), Зендокан (Скопје), Теншинкан (Скопје), Агатсу (Куманово), Аикикан (Тетово), Хоши (Скопје), Заншин (Куманово) и Кенбукан (Битола).
Организирањето на ваквите заеднички тренинзи е во рамките на одбележувањето на десетгодишнината од постоењето на клубот Хенбо кој е основач на Македонската аикидо федерација.
Учеството на било кој од тренинзите е бесплатно и отворено за сите заинтересирани граѓани.
На 28-29 март 2015 г. клубот Хенбо како прв дел од активностите за одбележување на јубилејот организираше меѓународен аикидо семинар што беше посетен од околу 100 учесници од земјава и пошироко.
Клубот Хенбо постои од 2005 година и континуирано ја промовира мирољубивата боречка вештина со потекло од Јапонија – Аикидо.Инструкторите од сите останати аикидо клубови од Македонија каде се практикува традиционалното аикидо ќе гостуваат со одржување по еден тренинг за

Пронајдете не на следниве мрежи: