Естрадата веќе со недели дискутира за расправијата помеѓу членките на жирито на Пинкови ѕвезди Александра и Дара. Додека едни ја поддржуваат Радовиќ, истакнувајќи го нејиното образование и компетенција за оценување на пеењето на нтпреварувачите, одредени естрадни изведувачи , како Маја Николиќ се на страната на Дара Бубамара.
Николиќ решила да прозбори за деталите од минатото на Александра, за која не сака да зборува, само за на јавноста да ѝ покаже дека таа се фолира и дека нема право да плука по народната музика.
„За мене таа е чисто промашување за шоуто на Пинк. С ешто кажа Дара за Александра е тотално во право. Само ќе ви кажам дека таа мене ми беше придружен вокал во бендот цели три години. Беше мажена за тапанарот од мојот бенд, за тоа не се зборува, тоа таа го крие како што крие дека е од село покрај Шабац.
Глуми ѕвезда, а три години пееше исклучиво народна музика. Јас во тој период пеев само поп песни, а неа ја плаќав 50 евра за да пее само народно. Работевме секој викенд на еден познат сплав во Белград.
Би било вистинско шоу доколку јас се најдам таму. Би била строга, праведна и со мене би било многу забавно. Тоа би било вистинско шоу, хаос. Не сум добила покана да бидам судија во шоуто, но би сакала да ме повикаат“, апелира Николиќ.Додека едни ја поддржуваат Радовиќ, истакнувајќи го нејиното образование и компетенција за оценување на пеењето