Мајами на 10 победи од апсолутниот рекорд на ЛА Лејкерс

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 11 натпревари, Мајами ја забележа 23-та последовна победа и од апсолутниот рекорд на ЛА Лејкерс ги делат уште десет победи.Мајами надополни негатива од 18 поени и го победи Бостон со 105:103, а натпреварот мина во знакот на двајца кошаркари – Леброн Џејмс (Мајами) и Џеф Грин (Бостон). Џејмс го предводеше Мајами до победата со 37 поени, 12 скокови и седум асистенции, Грин на другата страна мечот го заврши со рекордни во кариерата 43 поени на кои придодаде и седум скока.ЛА Лејкерс без Коби Брајант запишаа пораз од Феникс со 76:99, најефикасен кај ’езерџиите’ беше Стив Неш кој на својот поранешен тим му уфрли 19 поени. Феникс до победата го предводеа Луис Скола и Весли Џонс, двајцата постигнаа по 14 поени.Без тројца клучни играчи (Стадемаер, Ентони и Чендлер) екипата на Њујорк во Солт Лејк Сити ја совлада Јута со 90:83. Њујорк со оваа победа ја прекина серијата од четири порази на турнејата во Западната конференција. Џеј Ар Смит со 20 и Рајмонд Фелтон со поен помалку беа најефикасните играчи на Њујорк. Резултати од другите натпревари:Филаделфија-Портланд 101:100Шарлот-Вашингтон 119:114Кливелнд-Индијана 90:111Атланта-Далас 113:127Детроит-Бруклин 82:119Чикаго-Денвер 118:119Мемфис-Минесота 92:77Њу Орлеанс-Голден Стејт 72:93.
МакфаксИзминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 11 натпревари, Мајами ја забележа 23-та последовна победа и од апсолутни

Пронајдете не на следниве мрежи: