Некогаш бев од оние девојки со совршени нозе, стомачни мускули, една од оние кои кога ќе видат жена која се породила велат „до сега требаше да ја врати старата линија“.Само да знаев… Оние кои ме познаваат, знаат дека бев физички активна. Ми беше лесно да ги осудувам другите. Колку само бев глупава.
Не можев ни да замислам дека ќе имам широки колкови, опуштен задник и стомак. Никогаш не сум била заоблена. Секогаш бев слаба, а веќе не сум. Се уште се обидувам да сфатам како ми се случи тоа.
По второто породување си реков: „Време е да ослабнеш“.
Процесот на губење на килограмите е различен за секого.
Телата ни се различни.
Кога ќе добиете бебе, вашето тело дефинитивно се менува. Оние работи кои до тогаш сте можеле да ги направите со леснотија, ги правите многу, многу потешко и ви треба многу повеќе енергија. Некои жени дури и не можат да одат како пред породувањето.
Време: Едноставно, веќе немате толку време. Препорачувам да почнете со она малку време што го имате, па дури и ако се само 5 минути. Пред неколку месеци, успеав да зграпчам по 15 минути дневно, и да ги посветам на некои вежби.
Мотивација: Другите мајки кои вежбаат треба да ви бидат мотивација. Вежбајте со другарките кои имаат дете. А ќе ви биде и позабавно!Само да знаев… Оние кои ме познаваат, знаат дека бев физички активна. Ми беше лесно да ги осудувам другите. Колку само бев глупава.