Мајка го оставила бебето во трева: Простете ми, но ќе се вратам по него!

Уредно завиткано новородено бебе во висока трева покрај стамбен блок во предградието на Краснојарск во Русија, го пронашла запрепастена пензионерка (83), а со  него пронашла и порака  од мајката, во која меѓу останатото  пишува дека таа ќе се врати по својата ќерка.„Дефинитивно ќе дојдам по неа“, пишува меѓу останатото во пораката која ја оставила за сега непозната мајка, по која трага полицијата и властите во градот Краснојарск во Русија и кои  веруваат  дека се наоѓа некаде во близина на местото каде го оставила бебето.
Во пораката, мајката објаснила дека пред да одлучи да го остави ноќта со детето ја минала надвор, но не наведува конкретни  причини. Бебето го оставила уредно облечено, со розово шеширче и чорапчиња и внимателно замотана во кебенце. Во таква состојба  го пронашла споменатата пензионерка, која  веднаш  го однела во  сиропиталиште.
„Простете ми, но немам каде да одам со неа. Таа е многу мирно и здраво дете. Родена е на 12 август. Вакцинирана е“, напишала во пораката мајката.
„Таа е најсветлиот дел од мојот живот. Ќе се вратам по неа, сигурно ќе се вратам. Но сега не можам да сторам ништо. веќе  ја минавме ноќта на скалила“, објаснила мајката во пораката.
Властите не веруваат дека заминала далеку, бидејќи сметаат дека веројатно сакала да се увеи дека бебето  ќе го пронајде некој и  ќе го земе. Упатиле апел до мајката да се врати.
„Секогаш постои начин да се помогне. Дефинитивно ќе сториме се  да ти помогнеме. Врати се, твојата  ќерка те чека“, ѝ  порачала полицијата на мајката.„Дефинитивно ќе дојдам по неа“, пишува меѓу останатото во пораката која ја оставила за сега непозната мајка, по која трага полицијата и

Пронајдете не на следниве мрежи: