Клер Патерсон (40) била воодушевена што ќе стане мајка на момче старо 18 месеци. Но по неколку недели не била толку ентузијстична. Момчето имало по 36 напади дневно. Кога го одвела на доктор, открила дека има оштетување на мозокот. Затоа одлучила да го врати.Бидејќи се сконцентрирала на кариерата и бидејќи не нашла сродна душа, Клер почнала да размислува за деца дури во 30-те години.
Работејќи како фотограф таа била финансиски стабилна за да посвои дете. Кога поминала низ процедурата преку која било одредено дека таа може да добие дете, здогледала момче кое веднаш ја освоило.
„Го видов како седи. А потоа погледна во камерата и се насмевна и тоа беше тоа. Не сакав дете со ивалидитет, бидејќи не би можела да се грижам за него. Во неговиот здравствен картон пишуваше дека е здрав, а јас едвај чекав да го добијам“, вели таа.
Клер знаела дека момчето се развива поспоро, но била оптимистична.
„Мислев дека не може да ползи затоа што немале време да му се посветат и бев убедена дека ќе го совладаме тоа брзо.“
Бидејќи го видела само на видео и на фотографии, Клер не забележала ништо чудно додека не го земала дома.
„Ме загрижуваше неговата глава. Беше многу сплескана на тилот, но не се надевав на она што следуваше. Тој не правеше ништо што се очекува од дете на негова возраст. Не можеше да се превртува, да зборува и да ползи, а мускулите му беа многу слаби.“
Ова било во 2011 година, кога го посвоила, а тој од тогаш научил да оди.
„Но тогаш во еден момент во автомобил доби напад. Тоа беше еден од најстрашните моменти во мојот живот. Подоцна дознав дека има оштетување на мозокот. Епилептичните напади се само една од последиците од тоа оштетување. Во еден момент неговата состојба стана толку сериозна што почнавме да спиеме на приземје со спакувани торби, секогаш подготвени да одиме во болница. Неговите напади беа надвор од контрола. Беше многу стресно, а јас бев преморена“.
Поради тоа таа немала друг избор освен да ги повика социјалните работници кои се сложиле со нејзе дека не може да се грижи за него.
„Ми беше многу тешко да ја донесам таа одлука, бидејќи го сакав, но немав ништо повеќе да му пружам“, вели таа.
Сега Клер основала сајт „Adoption Disruption UK“ за да им пружи поддршка на сите кои вратиле посвоено дете.
Момчето кое некое време ја викало „мама“ сега живее во куќа со четири лица кои на смени се грижат за него, а Клер повторно се впуштила во потрага по дете кое би можела да го посвои.
„Сакам да посвојам дете старо од 3 до 6 години. Се надевам дека ќе успеам да усреќам некого кој се чувствува изолирано како и јас“, вели таа.Бидејќи се сконцентрирала на кариерата и бидејќи не нашла сродна душа, Клер почнала да размислува за деца дури во 30-те години.
Работејќи к



