МАЈКА ХРАБРОСТ: Ивана и Вања со години се борат со состојбата која предизвикува зика вирус

Микроцефалија, невролошка болест која предизвикува зика вирус, овие денови е една од најактуелните теми во светот. Иако се во центарот на вниманието земји од Јужна Америка, ова е пореметување со кое се соочуваат мајки и деца во Србија, а една од нив е Ивана Јовановиќ (47) од Белград. Нејзината ќерка (14) е родена со микроцефалија и церебрална парализа.И покрај здравствените проблеми Валентина, која нејзината мајка нагалено ја вика Вања, пораснала во насмеано, активно и весело девојче, која сама оди, трча, се качува по скали и оди во Дневен престој за деца и млади со пречки во развојот. Сепак, за да дојдат до тоа, Ивана и Вања, морале жестоко да се борат.
– Ја родив седум недела пред терминот, и беше во инкубатор, но дишеше самостојно. По недела фати бактерија, имаше сепса и менингитис, се проширија мозочните комори. Како последица на тешка болест, нејзината глава од раѓањето до отпустот од болницата, за 45 дена воопшто не пораснала, а тоа е период кога треба да расте најмногу. Тогаш и била дијагностицирана микроцефалија – кажува Јована.
За среќа, на Вања не и била потребна операција, но никогаш не било утврдена причината за нејзината болест. Нејзината глава не растеше во исто темпо како кај другите деца. Покрај микроцефалија, таа има и церебрална парализа, па од самиот почеток, Ивана навикнала да поминува саати и денови во клиники и болници. Илјади прегледи, милион боцкања со игли и исто толку лузни на нејзиното тело. Но, откажување од борбата никогаш не била опција.

 
– Од првиот ден сме уптени на вежби, кои подразбираат физикална и работна терапија, и ни објаснија дека тоа е како антибиотик. Мораше да се работи постојано, а не повремена.
Докторите немаа никаква прогноза, а мајката не знаела што да очекува. Насмевката на ќерка си, е тоа што ја движело напред.
– На почетокот беше тешко, бидејќи бев изненадена и не знаев што да очекувам, никој ништо не кажува, не одговара на прашања, бидејќи одговори веројатно и не постојат. Бараш магично стапче кое ќе ги реши проблемите за миг, но тоа секако не постои… Конечно почнала да лази на 16 месеци. Проодела на две години, нестабилно и кревко, но самоуверено! И постојано напредува. Полека, но напредува – кажува оваа храбра самохрана мајка.
Вања денес има 14 години и самостојно оди, се качува и се симнува по скали, трча, скока, се смее. – Таа не зборува, но ние две научивме да комуницираме. Колку што таа научи од мене, толку и јас научив од неа – кажува нашата соговорничка. И покрај здравствените проблеми Валентина, која нејзината мајка нагалено ја вика Вања, пораснала во насмеано, активно и весело девојче, која сама о

Пронајдете не на следниве мрежи: