Мајка и на Илма си ја отвори душата: На Емина некој и наредил да го исфрли моето дете!

„Луѓето кои гласаа беа наседнати и не знам кому му одговара најдобриот натпреварувач да испадне?! Барав да ми ги покажат гласовите на Илма, но не смееја!“ – вели Едина Карахмет за српски Телеграф. Родителите на талентираната Илма Карахмет се изненадени од одлуката на жирито на “Х фактор” нивната 13-годишна галеница да ја испратат дома, додека мајката на разочараната Илма прераскажа дека за поразот на нејзината ќерка ја обвинува Емина, која одлучи во корист на постариот натпреварувач Маид Хеќимовиќ.  
Едина не крие дека е длабоко повредена, а воедно и шокирана од исходот од натпреварувањето, но не постои логично објаснување за исфрлањето на Илма, а открива и дека продукцијата на X фактор ги игнорирала нивните барања да добијат увид на гласовите од публиката.

„Ајде, вие кажете ми како се случило ова? Вчера, гледам како Илма ја гледа репризата на Х фактор и гледам како ја боли што испадна, па кому не би му се скршило срцето? Ме прашува, “Мамо, како е можно ова?” а јас не знам што да и кажам. Животот продолжува, но причина за бурни реакции сигурно има“ – почнува приказната на Едина и продолжува:
„Моето дете беше фаворит да победи, не за второ или третото место, туку за победа! Се разбира дека е неправда, кој друг испадна поради возраста? Ако беше добра на аудицијата со 13 години, зошто сега не може да помине понатаму? Верував дека ќе победи, таа секогаш победуваше на сите натпревари, а сега ова е комплетен шок за неа – вели таа и објаснува како работите изгледаат од нејзина гледна точка.

– Ако треба да се бара виновникот, тогаш можам да кажам дека тоа е Емина, таа пресуди Илма да не оди понатаму и ова е прв пат жирито да исфрли некој, а луѓето кои гласаа се изиграни! Тука се илјада пораки од оние кои ја поддржуваат мојата ќерка, цели фирми кои организираа гласања и тоа ништо не значеше таа вечер. Јас мислам дека некој ја притиснал од страна, затоа што таа секогаш ја фалеше илма, не знам што се случило и кому му одговара да испадне најдобриот натпреварувач. Барав да ми ги покажат гласовите, но не смееја! – зборуваше мајка и на Илма од Кисељак.
„А ако зборуваме за компетентноста на жирито, не би било лошо Емина да станеше до Илма и да запееше, па да видиме кој умее подобро да пее, а публиката нека одлучи кој има подобри гласовни способности. Но да не одлучува жирито, туку само публиката – рече Едина, додавајќи дека од сите судии навистина го почитува Жељко Јоксимовиќ, бидејќи тој е единствениот кој рече за нејзината Илма дека поседува Х фактор. Родителите на талентираната Илма Карахмет се изненадени од одлуката на жирито на “Х фактор” нивната 13-годишна галеница да ја испратат дома, додека

Пронајдете не на следниве мрежи: