83-годишната Душанка Лукач и нејзиниот син Бране (55), кои извршиле самубиство во семејната куќа, закопани се на месните гробишта во селото јасеница кај Босанска Крупа.За случјот за самоубиството, кое се случи на 12 месецов, и понатаму се зборува во селото. Никој не памети сличен случај во последните 100 години, велат од погребното претпријатие и криминалистите, кои се изнагледале сешто во полициската пракса.
Соседот Милан Вејиновиќ од соседното село Бенаковац, кој ги пронашол телата ма мајката и синот, опишал што затекнал кога влегол во куќата во која виселе телата на мајката и синот.
Вејиновиќ во понеделник околу 18 часот влегол во домот на Лукач. Светлата во домот биле изгаснати.
„Верувам дека се обесиле околу 11 или 12 часот. Ноќта претходно паѓаше снег. Ги видов стапките на Бранко, носел сено за кравите. Иње паѓаше попладне, па ги прекрило стапките. Затоа мислам дека во смрт заминале околу пладне“, појаснил Вјејиновиќ.
Соседот прво го повикувал Бранко и неговата мајка под прозорите пред да влезе во куќата откако не се огласиле.
„Во мракот поминав покрај нивните обесени тела во ходникот. Ми се пристори дека Душанка лежи на креветот. Имаше леб на шпоретот. Потоа со помош на светлото од мобилниот ги здогледав нивните тела“, раскажал соседот.
Бранко не се оженил, а страдал од депресија, но не користел редовно терапија. Во јасеница се вратиле во 2011 година но, по неколку години , повторно се вратиле во Босанска Градишка кај Рада Недимовиќ, ќерката на Душанка. Минатата година во мај месец повторно се вратиле во Јасеница.
„Мајката и синот беа неразделни, поготово по смртта на таткото на Бранко. Бранко постојано велеше дека кога мајка му ќе почине и тој ќе си го одземе животот. Никој не претпоставуваше дека заедно со мајка му ќе почине, тоа никој не можеше да го замисли“, рекол Вејиновиќ.
Пред куќата на несреќните мајка и син новинарите во четвртокот ги затекнале роднините, но никој не сакал да зборува за трагедијата. Ќерката на Душанка, Рада излегла пред новинарите и ги замолила да ги остават да жалат во мир.За случјот за самоубиството, кое се случи на 12 месецов, и понатаму се зборува во селото. Никој не памети сличен случај во последните 100 год