Сите кои се во брак или долга љубовна врска трагаат по тајната за одржување на страста и добриот однос со партнерот. Една од таквите жени и мајки кои сите ги прашуваат за тајната на успешниот брак е и Ники Пенигтон, која е во брак 11 години.“Обично се насмевнувам кога ќе ме прашаат. Ги знам типичните одговори на паровите кои ги следат правилата како што се: “Не си легнувајте лути” или “Секогаш му кажувам дека го сакам кога заминува”. Знаете ли колку пати во единаесет години мојот сопруг спиел на каучот пред да имаме деца, само затоа што сме биле лути еден на друг?”, вака Ники ја започнува својата приказна.
Таа открила дека повремените расправии и лутења заминале во втор план откако добиле деца. Ники истакнува дека секој ден е борба, но важно е да се трудите и да пробувате. Својата “тајна” за среќен брак и самата ја прекршила.
“Знаете ли колку пати мојот сопруг заминал од дома, без да ми каже “Те сакам”, едноставно поради децата и животот. Неговиот начин да ми каже “Те сакам” е понекогаш да ме остави да поспијам наутро. Ние ги прекршивме сите “тајни”. Тајната на долготрајниот брак е воопшто да нема никакви тајни. Стануваш и пробуваш повторно и повторно, и така секој ден”, истакнува младата мајка
“Обично се насмевнувам кога ќе ме прашаат. Ги знам типичните одговори на паровите кои ги следат правилата како што се: “Не си легнувајт