Скршениот татко на петгодишната Грета, која била задушена од нејзината „љубоморна“ мајка, раскажал за ужасот кој го доживеал кога го пронашол нејзиното безживотно тело.Тарас Молоканова (50), ја пронашол својата малечка принцеза облечена и окружена со играчки, откако нејзината мајка ја задушила.
Тарас раскажал дека очекувал дека ќе го дочека неговата малечка ќеркичка Грета кога ќе си дојде дома, но наместо тоа ја пронашол мртва.
„Си дојдов од работа и очекував дека ќе ме дочека мојата малечка принцеза. Но, во куќата владееше тишина“.
„Влегов во спалната соба и ја видов мојата малечка принцеза како лежи окружена со омилените играчки. Беше облечена во најубавата облека, па на почетокот си помислив дека спие. Потоа сфатив дека не дише, дека е мртва“, завршува тажниот татко.
Полицијата сега трага по мајката Ина (42), која оставила порака покрај неподвижното тело на ќерката, во кое го обвинува сопругот за убиството.
Телото на девојчето било пронајдено во куќа во градот Конотоп, на северот од Украина.
Гласноговорникот на полицијата рекол дека Ина била љубоморна на својата ќерка, бидејќи Тарас сите пари ги трошел на неа.
„Таа остави порака во која напиша дека го убила девојчето затоа што нејзиниот сопруг не заработува доволно пари, а и сѐ што ќе заработи го троши на Грета“, рекол гласноговорникот.
Исто така, мајката напишала дека намерно ја облекла ќерката во најубавите алишта и ја окружила со играчки, со цел да му покаже на сопругот колку други девојчиња има коишто така изгледаат.
„Грета беше многу убаво девојче. Секогаш насмеана и среќна“, рекол семејниот пријател Леон Лавров (55), кој бил шокиран од веста за смртта на девојчето.Тарас Молоканова (50), ја пронашол својата малечка принцеза облечена и окружена со играчки, откако нејзината мајка ја задушила.
Тарас раска



