-Ги гледам младите родители по парковите. И жал ми е за нив. Ги гледам дека се мачат, исфрустрирани се, не можат да го совладаат сопственото дете од четири години. Трчаат по нив со храна за да ги најадат, бидејќи „тие само така сакаат да јадат“. Трчаат по нив да ги спречат да паднат. Пушти го детето да падне – пишува една мајка.Дали се сеќавате на времето кога постарите беа авторитет? Јас многу добро се сеќавам. Ги сакав тие цврсто поставени граници.
Беше доволен прекорниот поглед на татко ми додека јадеме, за веднаш да ми стане јасно дека супата не се срка и дека не се зборува со полна уста. Наставниците се почитуваа со станување кога ќе влезат во училница, со гласно „Добар ден“, изработена домашна и уредна училишна униформа.
Родителите беа ред и закон. Ги слушавме бабите и дедовците бидејќи тоа се очекуваше од нас и тоа на никого не му претставуваше проблем. Ако не сум добра во школо, просто знаев дека ќе настрадам и нема што понатаму да се зборува. Нема надвор, нема возење велосипед, нема џепарлак, среќен си ако не добиеш по газот по родителската средба. Зборот на родителот беше последен.
Не ти се исплатеше да ризикуваш добивање на поригорозна казна, бидејќи доаѓа викенд. Најлошо што можеше да ти се случи е цел викенд да требиш ориз со баба ти.
Се знаеше редот и ние со растењето го прифаќавме како цврсто поставена граница што не се преминува. На сакаш боранија за ручек? Ќе ја јадеш за вечера. Не сакаш ни за вечера? Те чека истата боранија за доручек. Тогаш сфаќаш колку е тоа одвратно, па ја јадеш за ручекот кога ќе ти ја послужат.
Што има слатко? Има јаболко. Нешто послатко? Има јајце со шеќер или изрендано јаболко со шеќер, не знам… Има уште пет дена до пензија, тогаш ќе има сладолед. Наградите за одличен успех во шоколо или добро однесување беа скромни и ние бескрајно им се радувавме. Го паметам првиот вокмен. И учев за тој вокмен ден и ноќ, пишував реферати, ги поправав оценките само за да можам при одење да ги слушам Блонци и Депеш Мод во зелени старки кои што ги добив за одличното поведение.
Не можам да сфатам што се смени во врска со воспитувањето на децата и системот за наградување. Децата денес имаат многу работи и на ништо посебно не се радуваат. Мрзеливоста и дебелината се третираат како „па таков е, што ќе му правам.“ Што се случи со игрите жмурка, долга магарица, ластик, вис? Интернетот се случи.
Парковите и дворовите ги заменија социјалните мрежи. Преку ноќ. Подмолно. Ние го прифативме тоа. Го поздравивме. Се придруживме на тој вид социјализирање за кое е потребен само компјутер и струја. Децата се дружат онлајн. Внатре.
„Мојот не јаде спанаќ, мојот не јаде месо, само компир сака, овој мојот не спие до полноќ…“ Како бре не спие, па убаво пишува во книгата на д-р Спок: Ставете го детето во кревет нахрането, пресоблечено и изгасете го светлото.“ Во девет во кревет. Плачи, баш ми е гајле и јас сум живо суштетсво. Каде се моите пет минути?
Јас ги родив нив, не тие мене. Постои време и место за јадење, спиење, игра и тука нема компромис. Целта на родителството не е да станеш роб на детето, туку од него да направиш чесно човечко суштетсво со стекнати здрави навики. Со детето да изградиш здрав, разумен однос каде што се знае дека меѓусебното почитување е најбитно, како и доследноста кон секое изговорено правило.
-Извинете, вашето дете јаде земја – ми рече една млада мајка.
-Знам, нека јаде ако му се допаѓа. Тоа е мало животно. Ако не му чини, ќе ја плукне.
Не стекнав многу истомисленици во тие спонтани собирања по парковите. На многумина им делував чудно и бегаа од мене. И го разбирав тоа. Не зборував додека не ми се постави прашање. Твое дете, твоја грижа.
Ги гледам младите родители по парковите. И жал ми е за нив. Ги гледам дека се мачат, исфрустрирани се, не можат да го совладаат сопственото дете од четири години. Трчаат по нив со храна за да ги најадат, бидејќи „тие само така сакаат да јадат“. Трчаат по нив да ги спречат да паднат. Пушти го детето да падне
Жал ми е да те слушам колку грешиш млада мајко. Грешиш, бидејќи му дозволи да се фрла по бетон и да те шутира бидејќи не доби лижавче, грешиш бидејќи си ненаспана затоа што тој не спие до еден сабајле. Грешиш што му плаќаш со лижавчиња за да биде добар кон тебе и кон другите.
Грешиш бидејќи го учиш дека секое куче ќе го касне и секоја мачка ќе го изгребе. Грешиш што е дебело, во пелени со цуцла, а има четири ипол години и забите му се црни од кариес. Грешиш што не му даваш да оди во песок за да не се извалка и на тобоган за да не мораш да го фаќаш, бидејќи газот прегрубо ќе му се приземји според твојот критериум. Тогаш ќе плаче, а ти ќе сфатиш дека си останала без тоа лижавче во ташната за да го смириш. Жал ми е за тебе жено. Те жалам, бидејќи знам во што ќе се претвориш. Во она што на никого не му се допаѓа. Дури ни на тоа дете.Дали се сеќавате на времето кога постарите беа авторитет? Јас многу добро се сеќавам. Ги сакав тие цврсто поставени граници.
Беше доволен п