„Плачев, молев, но мајка ми не попушти. Неговите бараа невеста, убава, вредна и ме одбраа мене“, раскажува Злата Петровиќ.Пејачката Злата Петровиќ позната е по бурниот приватен живот, а како што вели најтрауматично било кога нејзината мајка ја натерала на 16 години да се омажи за момче од истото село.
Злата опишала низ каков пекол поминала, и што се случувало кога одлучила да избега од мажот.
„Живеев со мојта мајка и мојот очув, мајка ми по завршувањето на осмо одделение одлучи да ме омажи за момче од моето село чие семејство беше многу имотно. Имав само 16 години и не сакав да се омажам за него. Тогаш не беше како денес, никој не те прашуваше дали сакаш или не. И така моите одлучија да живеам кај него. Плачев и молев, но мојата мајка не сакаше да слушне. Неговите бараа млада, убава и вредна снаа, ме одбраа мене “, раскажала Злата за телеграф.рс, и додала дека неколку месеци подоцна одлучила да избега од мажот.
„Три месеци бев во брак со него, а тогаш се одлучив да избегам. Моите не сакаа да слушнат да се вратам кај нив. Тоа било срамно, што ќе кажеле во селото. Еден ден решив дека не можам да живеам ваков живот. Избегав кај мојата тетка во Белград. Тогаш почнав да пеам по кафеани. Да не избегав, кој знае дали некој денес би знаел која е Злата Петровиќ“, рекла пејачката додавајќи дека не ја обвинува нејзината мајка, како и тоа дека на некој начин и е благодарна.
„Не ја обвинувам мојата мајка, во тој момент таа го избрала најдоброто за мене. Мојата мајка беше една прекрасна жена, па не можам да ја обвинам што ме омажила толку млада. На некој начин сум и благодарна бидејќи можеби не би почнала да пеам никогаш да не се случело тоа“, завршила Злата Петровиќ.Пејачката Злата Петровиќ позната е по бурниот приватен живот, а како што вели најтрауматично било кога нејзината мајка ја натерала на 16 години да