Притвор од 30 дена добила 30-годишна скопјанка А.Х. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно дете“. Мајката му нанела повреди на своето 19-месечно дете удирајќи го по телото и главата од што детето добило потрес на мозокот. Настанот се случил на 31 август 2016 околу 18 часот на ул. ,Аминта Трети“ во Скопје.– А.Х. почнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа, во еден момент, го зела нејзиното 19-месечно дете и почнала физички да го малтретира, удирајќи го со раце во пределот на главата и телото по што во еден момент го кренала високо и го фрлила на земја, соопшти МВР.
Случаен минувач го пријавил настанот во СВР Скопје, по што веднаш интервенирала полицијата. Била известена и Итната медицинска помош која детето го однела во Детската клиника, а подоцна било пренесено на Клиниката за неврохирургија каде специјалист неврохирург констатирал дека има нагмечување на главата и потрес на мозокот.
А.Х. била приведена во полициска станица каде ги појаснила околностите на извршување на кривичното дело. СВР Скопје за случајот го известил и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје.– А.Х. почнала вербална расправија со нејзината свекрва и потоа, во еден момент, го зела нејзиното 19-месечно дете и почнала физички да го ма