Пред 3 години имав секс секој ден и тоа траеше една година. И да, веднаш ги знам вашите прашања – не тоа не беше со 365 различни момци, туку само со еден – мојот сопруг. И да, дури и кога имав менструација. И немам поим што правеле моите деца додека јас имав секс. И на крајот, не, не го правев тоа за да го зачувам бракот, туку да се зачувам себе – ја започнува својата исповед Бритни Гибонс.Набрзо откако се породив по трет пат, се сеќавам дека излегов од када, се погледнав во огледало и се запрашав: „Што бара мајка ми во купатилово?“ Од тој момент, не си дозволував себе си да бидам гола. Ги гасев светлата за време на сексот, со облеката ги криев стомакот и градите и чекав сопругот да излезе од соба за да се пресоблечам.
Како поминуваа годините, одсуството на моето голо тело почна да ме загрижува. Дали мојот сопруг Енди памти како изгледам гола?
Ми падна на памет да имаме секс секоја вечер година дена после разговорот со пријателката која истото го правела секоја ноќ.
Идејата за сексот секојдневно година дена ми звучеше одбивно, но и по малку интригантно бидејќи би ме натерало да го гледам своето голо тело секој ден. Чаршавите сигурно во некој момент ќе се поместат и светлата ќе останат запалени, зар не?
Енди, како и што очекував, веднаш прифати и цела година освен кога би не спречел некој стомачен вирус, имавме секс.
Почетокот беше тежок. Помислата дека секоја вечер пред спиење морам да имам секс, а пред тоа цел ден сум работела и борела со 3 деца, многу ме оптоваруваше. Сакав само да се испружам на кревет, да јадам снегулки и да гледам ТВ.
Но, како поминуваа месеците, почнав да се радувам на тоа…
Продолжува на следната страна:
Сексот стана повеќе од секс и се пробудија некои посебни чувства. Бевме поромантични, повеќе се допиравме и секое утре страсно се бакнувавме пред да заминеме на работа. Нашата врска стана посилна и подобра, бидејќи под чаршавите ни цветаа рози.
Повторно уживав во сексот и во своето тело о конечно престанав да ги кријам своите физички недостатоци и ги прифатив со двете раце. За прв пат бев повеќе загрижена за тоа сексот да биде подобар, отколку за тоа дека стомакот под тој агол ми изгледа помал или поголем.
После 1 година престанав сосема да носам облека.Опуштено шетав гола до купатило, правев ручек по долна облака. Врската со мојот сопруг и моето тело се промени на неверојатен начин.
Сега после 3 години и понатаму имаме секс секоја вечер. О Боже се шегувам, нормално дека не!
Од сето ова научивме колку сексот нам ни треба за да бидеме среќни во бракот и дека не е крај на светот ако поминеме 2 недели без секс. Научив дека сум подобра сопруга, подобра мајка и подобра жена тогаш кога сум сигурна во себе и се чувствувам добро во својата кожа. Редовниот секс не го прави бракот отпорен на развод или имун на неверство, но помага да добиете поголема самодоверба.
И за крај, никогаш не се работеше за тоа некој да ме сака, туку да се сакам самата себе си. И ми требаше само година дена секс за тоа да го сфатам. Набрзо откако се породив по трет пат, се сеќавам дека излегов од када, се погледнав во огледало и се запрашав: „Што бара мајка ми во купатило