Германката Андреа Г. (45) во полицијата признала дека ги убила своите осум бебиња, а се претпоставува дека го направила тоа за да ги прикрие своите вонбрачни врски, пренесе германски „Билд“.Мајката од пеколот, како што ја нарекуваат германските медиуми, по апсењето минатиот викенд признала дека бебињата биле живи по раѓањето и дека таа подоцна им ги одзела животите.
Меѓутоа, таа ништо не рекла за мотивите, па и понатаму се шпекулира зошто одлучила на своите деца да им ги одземе животите, како и фактот дека ја прикривала бременоста.
„Андреа отсекогаш сакаше да флертува со мажите, кај неа секој имаше шанса. Токму затоа, не би ме изненадило убиените деца да не се на нејзиниот сопруг. Во текот на годините имаше повеќе женети љубовници. Дури петмина од Валенфелс, инаку во брак, не престануваат да се распрашуваат дали децата биле нивни“, изјавил еден од локалните жители.
Нејзиниот сопруг Јохан Г. (55), наводно знаел за аферите и тој ѝ рекол дека не сака да имаат повеќе од 3 деца, колку што веќе имале.
„Јохан долго го толерираше однесувањето на сопругата, кое беше честа тема на чаршиските муабети. Меѓутоа, таа од мај беше во врска со Манфред С. (55) и се однесуваше слободно. Се случуваше да се бакнуваат и на паркинг пред црвква, кадешто и други луѓе ги гледаа, па му пречеше тоа. Сепак, последната капка беше тоа што направи долг од 20.000 евра. Јохан ја избрка од дома во септември“, сведочи нивниот сосед.
Обдукцијата на телата на новороденчињата покажала дека седум од осумте бебиња биле родени живи и потоа се убиени. Меѓутоа, точното време на смртта и начинот на убиство сѐ уште се испитуваат.Мајката од пеколот, како што ја нарекуваат германските медиуми, по апсењето минатиот викенд признала дека бебињата биле живи по раѓањето и дека таа