На голема радост на многумина ни се ближи пролетта а со неа и сончевото време. Сите веќе ги подготвуваме реквизитите како очила за сонце и шешири, а тие се задолжителни кај децата. Но, добро внимавајте каков шешир купувате за детето за тоа да не би поминало вака.Девојчето Марил Остер имала голема среќа што минала „само“ со ваква рана на вратот бидејќи ситуацијата можела да биде многу полоша.
Се започнало со игра во училишниот двор. На големиот одмор се спуштила низ тобоган. Заѕвонело за почеток на часот, децата влегле внатре, а Марил останала уште еднаш да се спушти на брзина. . имала шешир на главата со трака околу вратот. Шеширот некако успеал да се закачи за тобоганот, а Марил се спуштила долу додека шеширот ја давел.
Малата Марил висела така на тобоганот, а имала луда среќа што нејзината мала пријателка се свртела да види каде е девојчето. Дотрчала и го ослободила шеширот. А Марил завршила во болница каде на родителите им било речено дека ќе се загушела доколку останела така уште половина минута.
Иако лентата под брадата е осмислена како „сигурносен“ додаток за да не падне шеширот, по овој случај можеме само да ве советуваме да ја тргнете доколку и вашето дете има таков шешир.Девојчето Марил Остер имала голема среќа што минала „само“ со ваква рана на вратот бидејќи ситуацијата мо