Мајка ви ќе почине за неколку часа, но ние немаме лекови, шокантна изјава на лекар

Мајката на 39 годишниот Ненад Ристиќ водела битка со тумор на мозокот. Ја отпуштиле од болница и ја оставиле на домашно лекување. Во петокот рано наутро, околу 7 часот, и се слошило и нејзниот син повикал брза помош.
Возилото пристигнало по неколку часа, а во него немало леакр – го пратиле само возачот да провери колку е итна работата.
Возачот ја погледнал болната Рајна Ристиќ и самоуверено изјавил – Ааа – мајка ви ќе умре за неколку часа. И си заминал.

Синот револтиран повторно се јавил во брзата помош во Владичин Хан, Србија и се заканил со тужба и медиуми. Тогаш повторно дошла брзата помош со се лекар овој пат. Кој и пришол на болната и ја повторил дијагнозата на возачот.
,, Видете на вашата мајка не и е добро, но ние немаме лекови, ќе почине за неколку часа,, рекол лекарот и си заминал.
,, Ниту ја пипна, ниту и ја намести главата да не си го гризне јазикот иако постојано се онесвестуваше, ниту и даде било какви лекови барем за болка, ма ништо не направи,, раскажува огорчениот Ненад.
Рајна починала неколку дена подоцна, а синот е револтиран, што последните денови од животот се мачела, наместо лекарите да и ја ублажат болката.
,, И ја одземаа можноста да си замине достоинствено, поради нив повеќе се нервираше и патеше последните денови од нејзиниот живот,, вели неутешниот Ненад.
Новинарите од српски Курир ја контактирале директорката на здраствениот дом во Владичин Хан Др Славица Четковиќ. Еве што изјавила –
,, Добив заканувачка порака од синот на Рајна Ристиќ дека ќе ги викне медиумите, знаев дека ќе се јавите. Ние се грижевме за неговата мајка, ја посети нашиот лекар, но за жал терапијата која на неа и беше потребна ја немаме и беше невозможно да се најде – НО СЕ ТРУДЕВМЕ,, !!!
Ненад и семејството прашуваат зошто со години нивната мајка плаќала здраствено осигурување, зошто тие плаќаат кога на крајот кога им е потребно собиваат одговор – па се трудевме. Зар лекарите заборавија на хипокритовата заклетва дека се тука да им помагаат на болните. Барем лекарот да се обидеше да ја утеши мојата мајка, да и дадеше ц витамин, обичен аспирин или било каква витаминска инфузија – тоа барем го имаат, но не не се измачи ниту да и прижи човечки допир,, вели семејството Ристиќ кое најави дека откако ќе се совземат од шокот и тагата ќе поднесат и тужба – но не се надеваат дека ќе ја добијат правдата.
 Мајката на 39 годишниот Ненад Ристиќ водел

Пронајдете не на следниве мрежи: