Мајката и лекарите се во шок: Ова девојче, има само две години, а јаде четки, сунѓери, алишта…

Оваа девојче јаде буквално сè, од четкичката за заби па се до мебелот, а сето тоа поради ретка болест.Лили Малинс (2) има ретко нарушување на исхраната, поради кое таа постојано јаде  непрехранбени производи,  таа џвака буквално сè, од четки, сунѓери, облека, па дури и се обидела да консумира и четката од тоалетот.
Нејзината мајка Кејт Овигон (27) вели дека секогаш треба да внимава на девојчето, таа морапостојано да и биде пред очи.
– Јас секогаш сум загрижена што ќе се обиде да се јаде Лили следно. Се обидувам да и објаснам дека ќе се чувствува лошо, ако ги става овие работи во устата, но таа не го разбира – вели таа.
Ги корне косите од куклите и ги јаде.
 
– Кога ѝ велам да запре, таа ги крие работите под перница,и понекогаш забележувам  дури кога е премногу доцна. Секогаш сум загрижена за тоа што ќе изеде следно.
– Особено е се привлечни нешта со косата или влакна.

 

Лили започнала со необичните навики во исхраната уште како бебе, но мајката помислила дека девојчето е само љубопитно како и сите други деца.
– Но, потоа почнала да гризе парчиња од сунѓер и да се обидува да ги голтне. Луѓето ми велеа дека тоа е нормално, но знаев дека тука има нешто повеќе. Хигиената и можноста да се угуши ме загрижува најмногу.
Лекарите биле збунети од однесувањето на малата Лили, но како станувала поголема нејзиниот интерес за нормална храна се повеќе се влошувал.
– Таа сака да јаде само јаболка и јагоди. Најлошо беше кога на мојот сопруг му се скрши екранот на телефон. Пред  да се освестиме, таа се обиде да изеде парчиња стакло. Тоа е толку тешко. Како да се објасни на 2-годишно дете дека тоа не треба да се прави?
Инаку, пореметувањето на исхраната е поврзано со јадење на предмети како камења, метални пари, облека, шампон, догорчиња од цигари.  Иако некои од работите можат да поминат низ телото без последици, сепак, ова пореметување може да биде фатално по живот.
Ризиците вклучуваат повраќање, опстипација, инфекции, цревни блокади, гушење и труење.Лили Малинс (2) има ретко нарушување на исхраната, поради кое таа постојано јаде  непрехранбени производи,  таа џвака буквално сè,

Пронајдете не на следниве мрежи: