МАЈКАТА НА 3- ГОДИШНО ПОЧИНАТО ДЕВОЈЧЕ: „Ми го убија детето, од воспаление на синуси не се умира“

Нејла Бајриќ, тригодишно девојче, починала минатата недела во медицинско возило во текот на транспорт од брчанската болница во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Во домот на семејството Бајриќ владее бескрајна жалост и тага која предизвикува се поголема огорченост…Таткото Елвис, мајката Зада и другите членови на семејството, ги обвинуваат лекарите од Одделот на педијатрија и сметаа дека тие се виновни за смртта на девојчето. Тие одлучиле целата ситуација да ја запознаат со јавноста, бидејќи сметаат дека вакво нешто на никого не смее да му се случи .
„Детето немаше никаква болест, освен хипотонија на мускулите. Отидовме во Бања Ковијача осум пати. Ја лечевме и ја излечивме. Ја застанавме повторно на нозе. Во ноември Нејла заедно со своите другарчиња го прослави својот 3-ти роденден“- започнува со исповедот мајката Зада.
Но тогаш Нејла настинала и започнало да се случува нешто кое животот на семејството Бајриќ го претворило во хорор.
„Нејла започна да кашла и да се жали на болка во грлото. Ја однесовме на лекар каде и дадоа сируп за искашлување и за воспаление на грлото. И понатаму беше весела но нешто покасно започнала да се гуши па во 3 часот сабајле ја однесовме на лекар, каде докторката Карамујиќ и го извлече насобраниот секрет кое детето не можело да го исфрли од себе, и одреди терапија и и стана малку подобро. Таа вечер останавме во болницата“- кажува Зада Бајриќ.
Но, како што кажува докторката Карамујиќ утрото си ја завршила смената и дошла докторката Шеќербеговиќ. И ја променила терапијата на Нејла а испитувањата биле направени дури во 18 часот, 15 часа откако детето било примено во болницата.Мајката кажува дека секретот повторно не бил исчистен.

„Забележав дека детето се поти и се губи, ја повикав докторката а таа ми рече да се смирам и дека сето тоа е само реакција од лековите. Ја прекинав лекарката и и реков да ми помогне па го однесоа детето на снимање на уво, нос и грло, но таму и ги погледнале само ушите и грлото и ја вратија назад“…..
На малата Нејла и било се полошо…
„Доаѓаат да ја прегледуваат но никој на ништо не реагираше. Им кажував дека детето ќе ми умре“- кажува во солзи мајката.
Нејла и Зада тогаш биле однесени со медицинско возило и заедно со медицинските сестри биле пратени во Ургентниот кличички центар во Тузла.
„Детето ми умре на влезот на Тузла.Само мрдна со нозете и рече- „Мамо, сакам дома“, Тоа беше крај“- низ солзи раскажува Зада.
Таа додава дека лекарите во Тузла дале се од себе но касно било за реанимација.
Во семејството Бајриќ тврдат дека од УКЦ Тузла воопшто не биле известени за доаѓањето на пациентот. Кажуваат дека по обдукцијата која била направена по налог на тужителот, неофицијално дознале дека Нејла се загушила од секретот кој настанал поради воспаление на синусите.
„Јас детето не можам да си го вратам, и за тоа сум свесна. Од температура 37,5 и воспаление на синуси не се умира за два дена.Ми го убија детето. Ќе убијат и други…Ако не бидат осудени, ако полицијата и обвинителството бидат корумпирани како што е и здравството, јас ќе им пресудам.На погребот на мојата ќерка се заколнав дека нејзината смрт нема да помине неказнето“- кажува Зада во својата болна исповед.
Со целиот овој случај е запозната полициајта и Обвинителството и сеуште се чекаат наодите од обдукцијата…Таткото Елвис, мајката Зада и другите членови на семејството, ги обвинуваат лекарите од Одделот на педијатрија и сметаа дека тие се виновни за смрт

Пронајдете не на следниве мрежи: