Нада Бодрожиќ, мајката на трагично настраданата девојка која во четвртокот наутро беше пронајдена мртва во хотелска соба, објавила потресна порака на социјалните мрежи.„Очи мои, како ќе живее мама во мрак без тебе. Како ќе живеам без својата душа, воздух и Сонце“, напишала Нада Бодражиќ.
Ивана Бакиќ Бодражиќ била пронајдена мртва во четвртокот наутро во соба 326 во хотелот „Хајат“ во Белград.
Според првичните сомнежи на полицијата, Ивана починала од прекумерна доза наркотици. Телото го пронашла собарка и веднаш ја известила управата на хотелот. Биле повикни итна помош и полиција, но лекарите можеле само да констатираат смрт. По увидот телото било префрлено на обдукција.
„По обдукцијата ќе биде сигурно позната причината за смртта на младата девојка. За сега, според наодите на лекарите, смртта не настапила по насилен пат поради што, во овој случај не се води никаква истрага“, велат од полицијата.
Увуд извршила дежурната служба на полицијата и случејот, за сега, е затворен.„Очи мои, како ќе живее мама во мрак без тебе. Како ќе живеам без својата душа, воздух и Сонце“, напишала Нада Бодражиќ.



