Шокираната студентка била бесна кога открила дека нејзините Фејсбук фотографии се украдени и искористени за Интернет страница со експлицитна содржина. Тоа што е чудно е фактот дека девојката нема никакви голи фотографии, туку тоа се вообичаени слики кои секојдневно ги гледаме кај своите пријатели.
Грејс Мар (29) открила дека трите нејзини слики се користени за промоција на Интернет страница со порнографска содржина.
Грејс, студентка по англиски јазик од Бирмингем, ја открила кражбата, кога била телефонски повикана од мајката на пријателка и, која ги пронашла нејзините слики, сурфајќи по Интернет.
„Тоа беше откако се вратив на факултет, на почетокот на новиот семестар. Ми се јави мајката на пријателка ми и изјави дека моите слики се наоѓаат на Фејсбук на една непристојна реклама“.
„Прво бев засрамена, а потоа загрижена, Не сакам некој да ги презема моите фотографии и да ги користи за такви огласи. Не знам што уште има таму и дали моите слики се сеуште присутни“.
„Тоа е навистина лошо. Сурфајќи по Интернет и барајќи фотографии од тинејџери е бизарно. Сакам луѓето да бидат свесни што може да им се случи“.
Грејс сака да предупреди сите луѓе секој месец да ги менуваат своите Фејсбук лозинки, како и да ги ажурираат своите поставки за приватност. Тоа што е чудно е фактот дека девојката нема никакви голи фотографии, туку тоа се вообичаени слики кои секојдневно ги гледаме кај своите пријатели.



