За вечерта пред да се самоубие девојката, раскажува нејзината мајка за дневниот весник ВЕСТ.Стефани, заедно со нејзини пријатели се забавувале, по што доцна во ноќта таа и се јавила на мајка си и и рекла дека со такси ќе се врати дома. Но оттогаш поминало подолго време. Кога повторно се слушнале, Стефани врескала на телефонот и и кажала дека таксистот ја нападнал.
“Кога дојде пред зградата, Стефани истрча од автомобилот на таксистот. Алиштата и беа развлечени. Очигледно беше дека нешто се случувало во такси-возилото. Плачејќи, ми рече дека таксистот ја нападнал”, ја опишува Сандра атмосферата пред зградата.
Таа не крие дека таксистот бил претепан од нејзиниот сопруг, но најверојатно, не знаеше дека побарал помош од полицијата и се чудеше како тој не го пријавил нападот.
Според Сандра, нејзината ќерка не можела да се помири со ужасот, и затоа се обидела претпладнето, без да биде забележана од никого, да скокне од деветтиот кат на зградата.
“Нејзиниот сон да замине во Америка и да работи на брод остана нереализиран”, вели низ солзи мајката за ВЕСТ.Стефани, заедно со нејзини пријатели се забавувале, по што доцна во ноќта таа и се јавила на мајка си и и рекла дека со такси ќе се врати дома. Но