Мајката на удавените момчиња не сакала да се качи во бродот за Грција: „Ми рече дека не знае да плива и…“

Тетката на двете удавени момчиња од Сирија, вели дека се надева дека оваа трагедија ќе ја разбуди свеста на луѓето да обрнат внимание на бегалската криза.- Мојот брат Абдулах ми кажа дека со сите сили се трудел да ги спаси децата. Кога сфатил дека неговиот 5 годишен син Галиб починал во неговите раце, тргнал кон Ајлан, но и тој бил мртов. Тогаш се обидел да ја спаси својата сопруга Рехан (35) но не успеал – вели Тима Курди која се обидела да го земе брат и во Канада, но кога еднаш азилот бил одбиен, знаела дека нема надеж ниту за Абдулах.
Барањето на Мухамед за азил го предала прво, бидејќи неговите деца биле постари и требале да одат на училиште.
– Ми беше многу тешко да им кажам дека не можам да ги донесам тука – вели таа. Мухамед се смести во Германија, каде и Абдула со семејството сакаше да дојде. Но, неговата сопруга многу се плашеше од пловењето по море до Грција.

– Ми рече дека не сака да оди бидејќи не знае да плива, а јас и кажав само да стави градник и се ќе биде добро – раскажува Абдулах.
Тима Курди напоменува дека направила се за да му помогне на братот и семејството, и дека им испратила 5.000 долари да платат на шверцерот за да избегаат.
– Не требаше да им пратам пари – вели расплаканата Тима која во Канада се преселила во 1992 година откако се омажила за Канаѓанец. Абдулах денес со лешовите на своето семејство се вратил во Кобане за да го закопа своето семејство. Долгиот конвој го испрати таткото од летувалиштето Бодрум, каде се пронајдени телата, до сириската граница. Во градот биле во тек подготовките за закоп на жртвите од Кобане кои со својот живот го платија бегството од војната.
Турската полиција објави дека уапсила 4 лица одговорни за смртта на 12 бегалци меѓу кои се и 3 члена на семејството Курди. – Мојот брат Абдулах ми кажа дека со сите сили се трудел да ги спаси децата. Кога сфатил дека неговиот 5 годишен син Галиб починал во неговите раце

Пронајдете не на следниве мрежи: