Небахат Џехре (68), кој во серијата “Величествениот” ја портретира мајката на Величенствениот султан Сулејман, актерската кариера ја почнала со снимање на еротски филмови во Турција.
– Пазарот беше голем, но и бројот на актерки исто така. Јас доаѓам од сиромашно семејство, и ниту една работа не е тешка за мене, па со оглед на фактот дека за да станеш ѕвезда секогаш мора да поминеш преку трње, до сериозни улоги дојдов преку еротски филмови – рече Нрбахат и додаде:
– Иако Турција важи за конзервативна земја, не можам да кажам дека се чувствувам удобно поради семејството, но јас ги победив предрасудите и сето она што денес го имам постигнато ми кажува дека сум била во право.
Небахат на 21 година била избрана за Мис Турција, а набргу после тоа и била понудена улога во еротски филм, која, на изненадување на нејзиното семејство, ја прифатила без двоумење. Таа има снимено петнаесет еротски филмови, по кои конечно почнале да и пристигнуваат сериозни улоги. Денес толкува една од главните улоги во најпопуларната турска ТВ серија – Величенствениот, и многу помлади колешки можат само да и завидат.Небахат Џехре (68), кој во серијата “Величествениот” ја портретира мајката на Величенствениот султан