Mајки, еве начин да се нашминкате за 5 мин

Loading...

Еве како да изгледате совршено за само 5 минути. 
Мајките најчесто немаат  многу време за себе, но со неколку совети ќе бидете подготвени за 5 минути.  Ако на работа изгледате професионално, луѓето ќе ве сфатат сериозно. За жал, на многу жени шминката им претставува проблем. Ако имате време за пристојна облека, тогаш нема да имате за шминка или обратно.
Еве 5 едноставни совети за неутрален свеж изглед за само неколку минути:
Чекор 1- Подлога
Доколку имате нормална или мрсна кожа нанесете ја подлогата за шминка на целото лице и чекајте половина минута, за убаво да се впие во кожата. Ако имате сува кожа и не користите подлога, неа може да ја замените и со лесна дневна крема за лице.
Чекор 2-Корекција
Коректор за темни кругови околу очите е најзадолжителен меѓу мајките за намалување на видливата премореност. Изборот на текстура е индивидуален, во зависност од желбата на корисникот тој може да биде течен или камен. При изборот на боја, бидете сигурни да ја одберете таа која ќе одговара на тенот на вашата кожа. Нанесете линија од коректорот под очите, а потоа со прстот нежно натапкајте во регионот на темните кругови.

 
Чекор 3-Течна пудра
Следно е течната основа. За пудрата важи истото правило како за коректорот, нијансата мора да биде слична на тенот на вашата кожа.  Размачкајте ја меѓу рацете и нанесете ја  по лицето. Не го заборавајте вратот. Откако течната пудра ќе се исуши, натапкајте камена пудра соодветна на вашата кожа.
Чекор 4-Руменило
За ефектот да биде целосен ставете руменило во бледо розова боја. Со четка за руменило , нанесете го во пределот од образите, но не премногу високо. Ставете кармин или сјај на усните во боја која ќе биде согласна на руменилото.
Чекор 5-Маскара
Комплетниот изглед ќе го достигнете со нанесувањето на маскара на вашите трепки.
Вашиот изглед е комплетен.
  
Мајките најчесто немаат  многу време за себе, но со неколку совети ќе бидете подготвени за 5 минути.  Ако на работа изглед

loading...
Loading...