Мајки, еве што треба да престанете да кажувате!

Дали сте се фатиле себе како го споредувате животот со другите? Ја споредувате килажата, облеката, родителските навики, чистотијата на куќата, сопрузите и децата, и можеби посакувате барем малку „поинтересен“ живот.Ако одговорот е да, веднаш престанете. Како прво, не е се како што се чини на прв поглед, а како второ, на тој начин свесно се измачувате.
Еве кои реченици морате да ги исфрлите од својата глава:
-Морам да се потрудам да направам повеќе! Не, не морате. Вие веќе доволно правите! Наместо тоа, запишете на хартија се што правите и ќе се уверите дека и Супермен тоа не го прави. Ако со оваа реченица си додавате и „Јас сум само мајка“, знајте дека тоа „само“ е повеќе од доволно.
-Доаѓаат гости. Куќата мора да блеска: Не мора. Таму живеете вие и вашите деца. Играчките треба да се гледаат низ куќата, тоа значи дека си играте. Ако садовите се валкани, тоа значи дека јадете. Исто така, ако облеката не ви е често испеглана, тоа само покажува дека често ја менувате облеката. Не мора секогаш се да биде цакум-пакум!
-И јас би требало да бидам волку забавна мајка како моите пријателки на Фејсбук! Ни ова не треба. Многу од тие слики е целосна лага. Зад забавните слики од зоолошката градина се крие дете кое трча и вика на сиот глас. Зад секоја слика од купување, тука е и детето што и не сака да биде тука. Се е исто како и кај вас, не ја гледајте само позитивната слика на социјалните мрежи. Знајте дека сте подеднакво забавни, а можеби и повеќе.
-Сигурно некаде грешам: Не, не грешите. Бебето не спие цела ноќ? Тоа е во ред, секое бебе е различно и морате да го пратите ритамот на вашето дете. Не можете да доите? И тоа е во ред, сте дале се од себе и вашето бебе ќе биде во ред дури и ако пие формула. Не сте стигнале да зготвите нешто денеска? И тоа е во ред, нека зготви мажот или снајдете се на брз начин. Ве чека куп неиспран веш? И тоа е ок, зафатени сте со правење спомени со вашите деца. Запомнете, ништо не правите погрешно. Секој родител и секое дете се различни.
-Не можам ова да го направам! Јас сум целосна пропаст! Ни ова не е вистина. Тоа што еднаш сте згрешиле не значи дека сте најлошата мајка и дека ништо не знаете. Само дајте се од себе и ќе го пронајдете својот пат до успехот.

-Кога бебето би спиело само уште час подолго, би можела да направам многу повеќе. Не треба да се трудите да направите повеќе, туку ви треба повеќе сон. Затоа, кога вашето дете ќе реши да отспие малку подолго, одморете и вие.
-Морам да се вратам на старата тежина што порано! Штом излезам од породилно, се фрлам на работа: Губењето на тежината не е лесна работа. Тоа може да трае со месеци, можеби и години, и тоа е сосем нормално. Но дури и да не се вратите на старата тежина, помислете: родител сте на уште едно живо суштество. Сте ги заслужиле стриите и лузните. И со нив сте убави.
-Мајката не може да има време само за себе: Мајките живеат уверени дека себе секогаш мора да се стават на последно место, бидејќи тоа на децата им покажува дека тие се на прво место. Ако и вие сте таква, знајте дека не мора да бидете таква. Секако дека имате многу работа и дека немате многу време за да си угодите. Но, понекогаш е во ред и да се нашминкате и средите. Исто така, во ред е да си легнете и да одморите кога ви се спие. Во ред е да го оставите детето со некој што ќе го причува додека сте на тренинг, трчате или пиете кафе. Можеби ваквите моменти се ретки, но не треба да се чувствувате лошо затоа што сте издвоиле малку повеќе време за себе.
-Немам поим што правам: Се разбира дека знаете! Но, и ако не знаете, само напред, снајдете се додека да го најдете својот ритам и задоволство. Нормално е понекогаш да не се чувствувате удобно, да сте несигурни околу одлуките, но не дозволувајте да ве поколебаат ситниците.
Правите одлична работа. Вие сте најдобрата мајка и вашите деца сигурно тоа го мислат. Затоа покажете гордост, а не несигурност.Ако одговорот е да, веднаш престанете. Како прво, не е се како што се чини на прв поглед, а како второ, на тој начин свесно се измачувате.

Пронајдете не на следниве мрежи: