Мајките на три деца ќе имаат доживотни примања!

Мајки на три и повеќе деца, кои имаат 25, односно 15 години работен стаж, ќе можат од почетокот на наредната година да поднесат барање за примање на доживотен месечен надоместок, соопшти црногорскиот министер за труд и социјална политика Зорица Ковачевиќ.Надоместокот ќе го примаат и невработени мајки кои се наоѓаат во евиденцијата на Заводот за вработување најмалку 15 години, како и родители и негуватели со посебни потреби.
Ковачевиќ на конференцијата за новинари рекла дека со Законот за дополнување на Законот за детска и социјална заштита се пропишани две нови права.
– Тоа се правото на накнада на родител или старател, лице кое е корисник на бенефит за лица со инвалидитет, како и право за надокнада врз основа на раѓање на три или повеќе деца – изјавила Ковачевиќ.
Вработените мајки со три или повеќе деца, коишто имаат 25 или 15 години работен стаж, ќе примаат доживотна месечна надокнада во износ од 70% просечна нето заработка во Црна Гора во годината која ѝ претходи на онаа кога е остварено тоа право.
Просечната нето заработка во Црна Гора изнесува 477 евра, што значи дека мајките со три или повеќе деца ќе примаат по 333, односно 193 евра.Надоместокот ќе го примаат и невработени мајки кои се наоѓаат во евиденцијата на Заводот за вработување најмалку 15 години, како и родители и негув

Пронајдете не на следниве мрежи: