Во текот на дружењето со публиката во театарот „Theatre Royal Drury Lane“, славниот актер Мајкл Даглас ја откри тајната на својот колега и добар пријател Вал Килмер.Веќе со месеци има сомнежи дека поранешниот Бетмен боледува од рак на грлото, а Килмер тоа досега настојуваше да го демантира. Сепак, не му оди од рака.
„Вал е сјаен тип кој се бори со истата болест со која и јас се борев. За жал, не му е добро. Се молам за него. Затоа го нема никаде во последно време“, им кажа Даглас на фановите.
Прв пат гласините за тешката здравствена состојба на Килмер се појавија минатата година, но тогаш тој тврдеше дека бил на преглед и дека е потполно здрав.
Мајкл Даглас исто така објави дека боледува од рак на грлото, но подоцна излезе дека имал тумор на јазикот.
Ако се открие во ран стадиум, шансите за лекување се од 80 до 95 проценти. Во последен стадиум шансите пак меѓу 20 и 25 проценти.Веќе со месеци има сомнежи дека поранешниот Бетмен боледува од рак на грлото, а Килмер тоа досега настојуваше да го демантира. Сепак, не му оди од