Мајкл Даглас признава: ракот на грлото го добив од орален секс

Актерот Мајкл Даглас во отворено интервју за „Гардијан“ – британски весник, изјавува дека ракот на грлото не го добил поради пушење на цигари или алкохол, туку од орален секс.
„Без желба да одам во детали, видот на рак кој го имав е предизвикан од ХПВ којшто се добива со кунилингус“, изјави 68-годишниот актер.
Даглас прво мислел дека ракот го добил од стрес поради проблемите со законот и дрогата кои ги има неговиот син Камерон. „Мислев дека стресот поради тоа што син ми е во затвор е причина за болеста, но тоа го предизвика сексуално преносливата болест“, рече Даглас.
Тој со ракот се борел од август 2010 до јануари 2011 и призна дека во еден момент помислил дека ќе умре. Но за среќа се поминало добро, тој оди секој шести месец на контрола, и е здрав повеќе од 2 години.
Мајкл никогаш нема да го заборави изразот на лицето на докторот кој му кажал дека на коренот на јазикот има тумор со величина на орев и дека треба да оди на биопсија. Иако девет месеци пред дијагнозата Мајкл имал проблеми со забоболка и со други орални инфекции, но многу специјалисти не го забележале туморот кој го поседува.
Стручните лица од американската фондација за орален канцер велат дека ХПВ, познат како ХПВ 16 предизвикува орален канцер кој се јавува во задните делови на устата и грлотоАктерот Мајкл Даглас во отворено интервју за „Гардијан“ – британски весник, изјавува дека ракот на г

Пронајдете не на следниве мрежи: