Осум години по смртта на Мајкл Џексон, неговиот пријател, германскиот бизнисмен Мајкл Јакобшаген, за австралиска телевизија обелодени дека неколку недели пред смртта, Мајкл Џексон му дал 13 писма со содржина „Се обидуваат да ме убијат„ и „ се плашам за својот живот„!Јакобшаген изјави дека Џексон му се јавил од Лас Вегас и го молел да дојде од Германија за да биде со него!
– Тој беше во голема емоционална криза, велеше дека некој сака да го убие.
Јакобшаген отишол и поминал 3 дена со Џексон, а на заминување Џексон му ги дал пишаните пораки во кои повторно предупредува дека некој сака да го убие, без да каже кој.
Само во една порака ги спомнува организаторите на концертот во Лондон каде Џексон требало да настапи, и вели дека тие прават голем притисок врз него.
Само неколку недели подоцна Мајкл Џексон беше пронајден мртов. Официјална причина беше – предозираност со седатив пропофол. Неговиот личен лекар Конрад Мареј одлежа 2 години од 4 годишната затворска казна за ненамерно предизвикување на смрт со пропишана преголема доза од лекот.
Интервјуто на германскиот пријател на Џексон ќе биде емитувано за еден месец, на годишнината од смртта на Џексон.
Инаку, и неговата ќерка Парис Џексон (19) неодамна изјави дека е убедена дека нејзиниот татко е убиен! Јакобшаген вели дека сега излегол со овие податоци, токму во знак на поддршка на Парис!Јакобшаген изјави дека Џексон му се јавил од Лас Вегас и го молел да дојде од Германија за да биде со него!
– Тој беше во голема емоц