Еден бабун во јужниот дел на Замбија толку многу се заинтересирал за каблите во една електрана, поради што без струја остави 50.000 луѓе во регионот, јави Би-Би-Си.Имено, мајмунот предизвикал прекин на електричната енергија кога се качил над електраната и почнал да ги влече каблите.
– Бабунот го преживеа силниот електричен удар, кој би убил човек, изјави портпаролот на електраната Хенри Капат, додавајќи дека во таква ситуација човек ако преживее би одговарал пред суд.
Капат наведе дека една организација за заштита на животните го спасила мајмунот и тој моментно се опоравува од „сериозните повреди“.
Електраната се наоѓа во замбискиот туристички град Ливингстон каде вообичаено дивите животни слободно се движат поради близината на националниот парк.
Снабудувањето со електрична стурја во меѓувреме повторно е воспоставено во Ливингстон и околината. Во сличен инцидент минатата година еден мајмун предизвика прекин на струја во цела Кенија.Имено, мајмунот предизвикал прекин на електричната енергија кога се качил над електраната и почнал да ги влече каблите.
– Бабунот го