Францускиот суд минатата недела донесе пресуда со која ѝ додели 12-месечна условна затворска казна на една жена, која сексуално вознемирувала двајца мајстори кои дошле да го поправат централното греење во нејзиниот стан.Судот во Арас, во подрачјето Норд Па де Кале, на северот на Франција, дозна дека жената се обидела да ги намами мажите во кревет, тапкајќи го едниот од нив по рамото додека бил клекнат и задлабочен при работата со инсталациите.
„Кога ќе завршиш со радијаторот, дојди во мојот кревет“, наводно рекла жената, за која се наведуваат само иницијалите И.Д. Сѐ се случувало во десеттиот месец минатата година, пишува весникот La Voix du Nord.
Кога едниот од мајсторите клекнал на земја, жената која била под дејство на алкохол му пришла од зад грб и почнала да го милува по задниот дел и другите делови од телото.
Откако ја одбил, таа почнала да му дава уште подиректни предлози. Но, тој повторно ја одбил. Жената го удрила едниот од мајсторите преку увото, потоа двајцата ги исфрлила од станот и одбила да им ја врати опремата за работа.
Кога полицијата утредента дошла да ги земе алатите за работа, таа била агресивна, па дури го нападнала и домарот.
Зборувајќи пред судот, жената им упатила извинување на мајсторите и рекла дека сфатила дека нејзиното однесување тој ден не било нормално и дека по тој инцидент паднала уште подлабоко во канџите на алкохолот, но и дека во последните месеци престанала да пие и дека сега оди на курс за негувателки.Судот во Арас, во подрачјето Норд Па де Кале, на северот на Франција, дозна дека жената се обидела да ги намами мажите во кревет, тапкајќи го еднио



