Македонците од 19 век барале рестраврација на античка Македонија!

Многу дециден опис на Македонците од горенаведениот ас­пект прет­ста­­вува еден извадок од статија, објавена во „Цариг­рад­с­ки вес­ник“ од Цариград во бројот од 3 март 1860 година од непот­пишан ав­тор. Оваа статија претста­вува уште едно све­дош­тво дека во де­нешна­та македонска нација тече крвта на слав­ните антички Ма­ке­донци и дека за тој факт биле свесни и Македонците од 19 век. Овде читаме:

„Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, нара­вите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната фи­зиономија, исцело ќе ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.“ (цит. според Блаже Ристовски).

Во 1865 година забележан е еден спор помеѓу македонскиот деец Венјамин Мачу­ковски и некој Грк, околу припад­носта на Маке­донија врз основа на монетите од Алек­сандар Македонски. Мачу­ковски бил и посебно анга­жиран од страна на босанскиот фолкло­рист Верковиќ во барањето маке­дон­ски народни песни за овој голем македонски цар.

Alexander III of Macedon

И самиот босански фолклорист Сте­фан Вер­ко­виќ, кој во 19 век престојувал во Македонија, за Македонците од југозападниот дел на Ма­кедонија тврдел дека во најголем број му припаѓале на коле­но­то Пу­ли­ваков­ци. Ова ко­лено (пошироко семејство, род) го опфаќало целото на­се­ление од повеќе македонски гра­дови од ју­гозападна Маке­до­нија. Пишу­вајќи за етничката свест на Пу­ливаковци (некаде во шеесет­тите години на 19 век), Верковиќ запишал:

„Кај Пуливаковците постои предание дека се чисти Маке­дон­ци и по­томци на Александар Велики. Долно-Поленците, а особено тие што живе­ат во околината на Пазар се гордеат со старата сто­лица, т.е. со градот Бела, од кој останале само една кула и една кар­­па, висока пет аршина.“ (Вер­­­­­­ковиќ: „Маке­донски народни умотворби 5“, Македонска книга, Скопје, 1985, стр. 138).

За директен потомок на античките Македонци себеси се сме­тал и ис­такнатиот македонски учител, писател и револуционер Иван Шум­ков од Кру­шево. Тој во шеесеттите и седумдесеттите го­дини од 19 век работел како учител во Солун и притоа објавил неколку кни­ги. Во еден спор со бугарскиот учител Салганџиев, Шум­ков  изјавил дека не е Бугарин, туку чист Македо­нец, какви што биле слав­ните Филип и Александар Македонски. Во 1871 го­дина на Учи­телскиот собир во Прилеп Шумков се заложил за воведување на македонскиот јазик во училиштата во Македонија.

На бугарскиот учител Салганџиев и внукот на солунскиот прве­нец Паунчев му се претставил како (цитат): „чист Македонец, ка­ко што беа Филип и Александар Македонски.“ (Подетално кај: Хрис­­­­то Андоновски: „Јужна Македонија од антич­ките до денеш­ните Македонци“, Скопје, 1995 год., стр. 55).

Дури и бугарскиот национален деец и егзархиски агент Петко Сла­вејков пишувал за овие тенденции меѓу Македонците. Иако тој, во духот на егзархизмот и бугаризмот, ги напаѓа овие тенденции, пре­ку неговото писа­ние јасно се гледа дека тие биле широко рас­прос­­тра­нети помеѓу Македонци­те од 19 век. Во својата статија „Ма­ке­­дон­ското прашање“, објавена на 18 јануари 1871 година, Славејков на­пишал:

„Многупати имав слушнато од македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш сме чекале докази за тоа, но не сме ги дочекале…“

Одговарајќи на ваквата провокација, македонскиот деец Ди­митар Македонски во својата статија „По македонското пра­шање“, објавена на 16 февруари 1871 го­дина, запишал:

„Македонците не се изгубиле од лицето на Земјата, како што некои си дозволуваат да велат, зашто, колку што знаеме ние, тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне.“ (цит. според Блаже Ристовски).

На Славејков и на сличните нему, кои сѐ уште ги има во и око­лу Македонија, денес ќе им одговориме дека токму поради деј­нос­та на таквите како нив – агенти на странските анти-македонски про­паганди, Македонците биле оне­воз­мо­жувани самите да си ја проучу­ваат сопствената историја и да пону­дат докази за својата историска автохтоност и национална засебност. Од страна на анти-маке­дон­с­ки­те пропагандисти доказите за националната засеб­ност на Маке­дон­ците биле криени од нашите предци и наместо нив, им биле потту­ра­ни наводни „докази“ за нивната инородна припадност.

Античко-македонското етничко потекло, како свое етничко по­тек­­ло, го прифаќале и водачите на славното македонско Крес­ненско востание. Така на пример во Уставот на Македонскиот вос­танички комитет од 1878 година, кој го организирал и подигнал ова востание против турската окупација на Македонија, помеѓу дру­гото, пишува:

„Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме по планините и горите македонски, ние слу­жи­ме како Македон­ска војска на Александар Македонски за слобо­да­та со нашата девиза: Смрт или слобода!“ (цит. според Бла­же Рис­товс­ки).

Големиот македонски писател и револуционер Ѓорѓија Пулев­ски исто така пишувал дека Македонците имаат античко-македонско етничко по­текло. Ќе наведеме извадок од неговата поема „Самовила Маке­дон­ска“ од 1878 година:

„Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат:
Од Македонци појунаци над них не било –
Цар Александар Македонски триста лета пред Христа
со Македонци сву вселену повладал…

Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужат
зашто само назе под ропство оставјат
зато и мие хоштеме своју домовину…
Браќа наши Македонци од православна вера,
да се сви сложиме, јуначки бориме,
како наши  стари под цар Александром,
повтор спомен своим имам по нас оставиме!
Историју стару да оживиме.“

Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година, во врска со Македонското воста­ние против турската окупација на Македонија, напишал:

„Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние си­но­ви славо­­македонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издиг­неме царст­вото на Александар Македонски!“ (цит. според Бла­же Ристовски).

Ќе наведеме и извадок од Манифестот на илегалната Привре­мена влада на Македонија, објавен во април 1881 година:

„Македонци,

Нашата мила татковина Македонија некогаш била една од нај­славните земји. Македонскиот народ ги удри првите темели на воената вештина и со своите победнички фаланги и со Аристоте­ловата вештина го цивилизира човештвото. Но таа, некогаш тол­ку славна наша татко­вина, денес е на прагот на својата про­паст поради нашите грешки и поради заборавот за нашето потек­ло. Ту­ѓи и сомнителни народи сакаат да ја земат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која светејќи со таков сјај, не може и никогаш нема да пропадне!…

Вистински Македонци, верни деца на татковината! Зарем ќе трпите нашата мила земја да пропадне? Погледнете ја како во ропс­т­вото е покриена со рани што ѝ ги направиле окол­ните наро­ди. Погледнете ја и видете ѝ ги нејзините тешки синџири што ѝ ги прави сул­та­нот. Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата расплакана, нашата мила Македонија, нашата мила тат­ковина не вика: Вие што сте мои верни деца, вие што по Арис­то­тела и Алек­сандра сте мои наслед­ници, вие во чии што жили тече маке­донска крв, не оставајте ме да ум­рам, туку помогнете ми! Каква жална глетка за вас, вистински Маке­дон­ци, ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб? Не! Не! Еве ви ги мои­те крва­ви грозни рани, еве ви ги мои­те тешки синџири: скршете ги нив, изле­кувајте ми ги раните, напра­вете сѐ на знамето што ќе го кренам да биде напи­шано: Единствена и обединета Македонија!… Да живее маке­дон­скиот на­род! Да живее Маке­донија!… Македонци, сетете се на Вашето поте­кло и немојте да се откажу­ва­те од него!’“

Членови на оваа илегална влада и потписници на овој повик би­ле истакнатите македонски национални дејци од крајот на 19 век: Васил Симов, Петро Јованов,  Христо Ѓоргов, Никола Трајков и уш­те еден, по име Коста. Блиски со оваа влада биле и македонските нацио­нал­ни деј­ци: Л. Вулгарис (кој дејствувал и во Атина и кој подоцна бил уапсен од Турците во Солун) и Васил Дијамандиев (кој поради својата дејност бил уап­сен во Пловдив од бугарската поли­ција и спроведен на распит во Со­фија). Оваа влада одржала и Нацио­нално собрание на кое при­сус­­тву­вале вкупно 32 делегати речиси од цела Македонија. Во Про­то­ко­лар­ното решение што притоа  било доне­сено, меѓу другото, се барало:

„Од сите заинтересирани влади да биде побарана реста­врација на античка Македонија. Ќе се упати и повик до сите  љуби­тели на сло­бодата и од сите родољубиви мажи ќе се побараат благородни жртви.“

Поради дејствата на Привремената влада и заради нелегалното уфрлу­вање на македонски чети во Турција, Грција и Бугарија ги затвориле своите граници кон Турција.

Во контекст на сето ова би можеле да ја цитираме и малку поз­на­тата изјава на познатиот македонски поет и писател Глигор Прли­чев, кој е еден од многуте наши пре­родбеници што  грчките и бугарс­ките пропагандисти сакаат да си ги присвојат. Па, еве што изјавил лично  Глигор Прличев во 1885 година во Солун,  по повод 1000-го­диш­нината од смртта на свети Методиј:

„Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди голе­ми­от Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, отто­­гаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изне­мош­тена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив… Ќе произведе уште многу Кириловци и Мето­диевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата ве­ра и кои ќе го прославуваат македонското име!“ (цит. според Бла­же Ристовски).

И покрај влијанието на грчката и на бугарската пропаганда, под кои попаднале македонските собирачи на народни умотворби браќата Миладиновци во тие бурни времиња на нацио­нално себенаоѓање, мал­ку е познато дека Димитар Миладинов пока­жувал голем интерес кон историјата на античките Македонци. За една негова полемика со еден Грк, сведочи лично писателот Рајко Жинзифов, кој во врска со ова запишал:

„Пред доказите на Миладинов, Гркот замолча. Тој му збору­ваше на Гркот не само за денешните Македонци, туку и за древните Македонци на Филип и Александар…“ (цит. според Блаже Ристовски).

Во една статија објавена во весникот „Македонија“, што тогаш излегувал во Русе (Бугарија) во 1888 година, од автор кој се потпишал само со иницијалите К.Г., пишува:

„Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзи­ното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Тур­ска империја… Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Маке­донски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блеска­виот период и величието на Македонската држава. Александар Македон­ски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!“ (цит. според Блаже Ристовски).

За големиот македонски преродбеник Исаија Мажовски антич­­ките Македонци и Словените претставувале потполно ист народ. Еве што, помеѓу другото, изјавил во неговиот говор одржан на бродот Рицар, за време на пловидбата по Дњепар, Русија, во  1888 година:

„Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски на­род од пред 2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како Филип и Александар, бил чист Словен…“ (цит. според Блаже Ристовски).

Неколку години по говорот што го одржал Мажовски, Ѓорѓија Пу­­лев­ски во 1892 година ја објавил својата „Славјано­македонска опш­та историја“, во која за Македонците запишал:

„Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пре­че­­кале доселу­вањето и на Бугарите и на Грците и на Србите.“ (цит. според Блаже Ристовски).

Славата на македонскиот цар Александар Македонски не ги зао­би­колила ниту македонските национални дејци од крајот на 19 век, наречени лозари. На еден нивен таен состанок, што се одржал на 19 јуни 1889 годи­на во хотелот „Кон­кор­дија“ во Софија, на кој, помеѓу другите присуст­вувале и: Коста Шахов, Ди­митар Македонски, Г. Геор­гиев, И. Шум­ков, Ножаров, браќа Иванови, Ќуз­лиев, Мандушев и други, било дис­ку­тирано околу преземањето на ната­мошни актив­нос­ти, па во таа смис­ла значаен простор и бил отстапен на дис­ку­сијата за Александар Македонски.

Подоцна лозарите биле жестоко напаѓани од страна на бугар­с­ките весници, а посебно од публицистот Левов, кој во својата ста­тија, обја­вена во април 1892 година, ги обвинил лозарите дека биле сепа­ра­тисти, кои  себеси се нарекувале како Македонци и кои тврде­ле дека (цитат):

„… Македонија била нивната татковина и дека таа е оддел­на словенска држава, чие минато е покриено со блесок, особено во вре­мето на Филип и Александар Велики…“ (цит. според Блаже Рис­товс­ки).

Ако го спомнеме и фактот дека блиски до лозарите биле и: Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Матов, Иван Хаџиниколов, Петар Поп-Арсов и другите, ова сведоштво има уште поголема тежина.

Во 1894 година, Петар Поп-Арсов објавил брошура, во која кри­ти­­кувајќи ја бугарската пропаганда во Македонија и конкретно Бугарската егзархија, помеѓу другото напишал:

„Порано златото на нашиот земјак Филип ја поткупи разеди­нетата атинска интелигенција и ја пороби Грција, а сега дојде друго време со сосема спротивни услови – братот брата си го продава.“  (цит. според Блаже Ристовски).

Античко-македонската традиција не го заобиколила ниту Марко Цепенков, кој во една  сопствена творба од 1899 година запишал:

„Помислете Вие, мили чеда:
за велика цара Александра
што се слави и до ден денеска!“

(цит. според Блаже Ристовски).

Да ја спомнеме и статијата од познатиот албански револуционер Водани, објавена во емигрантскиот албански весник „Shqiperia“ (ноември, 1898). Во оваа статија Водани, меѓу другото, вели:

„Албанците и Маке­донците… треба да се подготват и заемно да си помагаат како синови на една иста крв, како едни и исти војници на Алекандар Велики и  на Скендер-бег… Овие две нации во старите времиња играле најважна улога меѓу сите народи што го населувале Балканскиот Полуостров.“ (цит. според Блаже Ристовски).

Рускиот славист и македонист (инаку роден Бугарин) Петар Дра­га­нов, во 1900 година во врска со античката македонска историја изјавил:

„Дали Русите треба да се радуваат или да жалат во врска со тоа што во Македонија го издигнува својот глас тамошното ста­росе­делско на­селе­ние што си се нарекува себеси со старинското име Македонци? Спо­ред на­шето лично мислење праведно би било барем морално да се поддржи ова многубројно племе што зборува на по­себ­но словенско наречје и си има своја ста­ра историја, не помалку интересна од историјата на Бугарите и на Ср­бите…“ (цит. според Блаже Ристовски).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.